23 април 2005

БИО

1. име и презиме: Ивица Антески

2. познати псевдоними: ivian, Ивица Анти-ски, Ивиан Анти, Анти, .аНТИ

3. раѓање: 13.09.1976, Тетово (таму сум само роден, живеев во Гостивар), Социјалистичка Република Македонија, Социјалистичка Федеративна Република Југославија

4. постојано место на живеење: Скопје, Република Македонија

5. досие: Ивица Антески досега бил трипати осудуван и затворан, а во досието има и една потерница:

  • во основното училиште „Братство и единство“ во Гостивар одлежал 8 години
  • во Центарот за средно насочено образование „Злате Малакоски“ во Гостивар одлежал 4 години
  • поради добро и примерно однесување во моментов е пуштен на условна слобода од Филолошкиот факултетот во Скопје
  • АРМ по него има издадено потерница поради одбегнување да го одлежи воениот рок
6. работа - доброволно или присилно работел како секретар(ка), комерцијалист, келнер, продавач, новинар, рецензент, уредник и преведувач за дневните весници „Дневник“, „Македонија денес“ и „Нова Македонија“, студентските весници „Студентски збор“ и „Лоза“, за „Млад борец“, џез клубот „Lady blue“, кафулето „New Age“, во „Data bank“, „Еуромекс“, Phare Cultural Development Programme, culture.in.mk, во дневниот весник “Време”, „Форум плус“. Сега работи во дневниот весник „Шпиц“.

7. илегална дејност - објавил 4 книги поезија:


био контакт