02 декември 2005

Нешто против корупцијата кај новинарите


во црната хроника работат џандарски „деца“ - ми понудија да идам у Стразбур - и газдите и уредниците си тераат политика - кој да пишува против фирмите што се рекламираат - телефоните на Ивона и Исо

Ми кажаа дека емисијата на Драган, во која бев поканет и одбив да учествувам, ќе била на тема корумпирани новинари. Еве шо отприлика имам да кажам:

ПРВО Има корумпирани новинари. На ваков или таков начин. Неколку месеци работев во Црна хроника и дознав колку се повеќето од колегите од црните рубрики во СИТЕ весници корумпирани - повеќето се или деца на полицајци, или имаат дечко полицаец, или маж - шеф на некоја скопска управа за јавен ред и тинтириминтири - тоа е еден вид корупција - како сакате таквите да пишуваат за злоупотреби што ги правела полицијата коа нивните домашни и блиски земаат плата од МВР.

ДРУГО Мене еднаш ми понудија мито - да идам у Стразбур (на посета на Европскиот суд за човекови права) на студиски престој, со не-знам-колку-стотици-евра џепарац. За возврат побара да го рекламирам со серија текстови. Одбив! На некои на кои им кажав ми се смееја, ми рекоа дека сум бил глуп. Ако можда сум, ама пред себеси сум чист. Никој ме нема в џеб, никој. НИКОЈ! Никој не може да ми се фати, можам против секого се да речам, зашто никому ништо не му дужам. Јеби га колку сум глуп, замисли, можам за секого се да кажам и од никого не зависам.

ТРЕЌЕ Тоа шо уредниците се врзани со газдите на медиумите е корупција. Заеби независност, ако газдата решил нешто да тера, ќе си го тера, ти можеш да ќутиш и да пушиш. Често не е само газдата крив, често и уредниците се поврзани со партии мартии, со разноразни каузи и лоби групи, па си тераат нивна политика. Некои се коректни, се трудат да не наметнуваат став (и ја на пример на новинарите би им давал задачи да чепкаат повеќе за правата на работниците и на сиромашнитем и за злоупотребите на богаташиштава). И тоа е еден вид корупција - идеолошка.

ЧЕТВРТО Фирмите што даваат големи реклами ги корумпираат уредувачките политики. Не можеш да напишеш текст со соговорници што кењаат против фирма шо ти има опнато цела колор страна реклама. Прочепкајте малку и споредете - која новина против кого не збори и чии реклами има од по цела страна.

ПЕТО Има уше неколку ствари ама, ај уште ова сеа! Колку подароци земаат колегите тоа е немогуче. Не знам, ама викаат дека оние од економските рубрики имаат по пет шест мобиљки од Мобимак и од Космофон, најнови модели. А да не зборам за некои новинари шо имаат специјални бројчиња. Забележав дека - Ивона и Исо, на двајцата броевите на мобиљките шо ги имаат се 070/401 - yхy. (и y им се исти броевите) Случајно ги споредив, пошто у тефтер ми се едноподдруго пошто се на И. Коа прашав поупатени, ми рекоа дека новинари добивале специјални бријчиња, ваљда фирмите добиваат нешто за возврат, а?

PS. Единствени пари што досега сум ги зел од новинарството се оние шо на крајот на секој месец ми ги даваат во медиумот во кој работам (во бело плико) и што се викаат плата. Друга корист ми е и што одвреме навреме користам интернет од работа за да постирам и коментирам на блогови; како и по некое кафе шо ќе се напијам на понекој прес - и тоа е све.

8 comments:

Bukarski said...

Има време ќе се корумпираш.

Пошто и од друга страна, реално да збораме, те клале некогаш да пишуваш за особено чувствителни теми?

Црна хроника е сепак, една како да речам “извештајска работа“, каде ти најчесто цитираш, пренесуваш, препишуваш и сл. Ако не се лажам, поправи ме. Сепак, не велам значи дека нема и таму корупција, но ја има во мали незначителни количини.

Jovan said...

Мојот коментар е достапен овде. Извини аНТИ ама имав прилично да кажам.

venera001 said...

А бе, ти си бил диносаурус!
Јас мислев дека луѓето со ваков морален кодекс одамна изумреле.
:)))
Ептен ми се бендиса постов и ставовите изнесени во него.

.аНТИ said...

Букаро, многу грешиш. Црна хроника е најосетлива рубрика, пошто се работи за најосетливи работи - ЧОВЕЧКИ ЖИВОТИ. За убиства, кражби, силувања - од тоа поосетливо здравје. А впечатокот што си го стекнал дека се работи само да „цитираш, пренесуваш, препишуваш“ е точен - така треба сите новинари да работат. Што да прават? Да коментираат? Тоа е професионална работа. А тоа што кај нас Црна хроника ти личи на шупачко препишување на полициски билтен е поради тоа шо новинарите се полициски деца - ко шо и пишав у постот.

Венера - не се сите цариници ;) Жив сум, здрав сум, г'от не ми е под кирија, накурчен сум и спремен на сите да им ебам матер преку блогов. И ќе серам додека имам прсти и тастатура.

Darko156 said...

Навистина не сум го знаел ова за вработените во Црна Хроника. А јас пак до сега знаев дека прво најмладите ги пуштаат таму да се учат да работата, барем така беше на времето во Вечер, па после одиш во Скопска е ако те биде тогаш одиш во некоја “поасална” рубрика.

Изгледа нешто се сменило, наверојатно поради интензивирање и популаризирање на оваа рубрика, сега тука се потребни и пософистицирани комбинации. Иако не знав дека треба да имаш врзан новинар за да извести дека некој се фрлил од 7 кат.

.аНТИ said...

Дарко тоа кој се фрлил од каде е најбенигно. Не ти требаат врски еве го имаш овде.

Треба да си курназ за да откриеш кој го уапсил Масри, или дека Брус, пред да го убијат барал полициска заштита и не ја добил (мислам дека така некој од колегиве објави). Сеа е актуелно тоа трафикинг мафикинг и слични мадафакалници

Bukarski said...

Океј, океј... .аНТИ потроши неколку реда притоа убедувајќи не колку е битна “Црната хроника“ колку има корупција во неа и сл.

И шо? Нека е и така. Си пишувал негде во сектор “економија“ или нешто на пр. со некои “посуштествени“ теми ко шверц со цигари, трговија со дрога, врски помеѓу криминално подземје и службите?

Ако си имал, колкаво е тамошното твое искуство? Си попаднал во поголемо искушение од тоа ескурзијата шо ти ја понудиле претходно?

Друго, си добил некогаш некоја закана, ама троа посериозна? Не, само по тебе, туку и по некоја твоја блиска особа? Недајбоже некогаш тоа нешто да се реализира.

Кој ќе те брани, заштити кажи? Твојата вистина? Блогчево? Јавноста?

Ја кажуваш вистината оноколку колку шо ти е дозволено и ништо повеќе. Помири се со тоа бе бато, шо побрзо, то поарно.

П.С. Ова важи, само доколку не се еготрипоираш со овие постови за правата вистина, и не си ги лечиш фрустрациите од неможноста истата да ја кажеш на правото место.

.аНТИ said...

Кое е бе Букаро местото каде што треба да ја кажам вистината бе? Тоа шо го збориш е вистина, ама притисоците не се исто што и корупцијата. Ама никад нема да се помирам со тоа, и на сите што читаат им препорачувам никад да не се помируваат со неправда, со неправилности, со понижувања - зашто тогаш кога ќе почнеме да се помируваме, тогаш ќе престане да не има. Неправдите постојат поради тоа што луѓето ги прифаќаат како неизбежни - она што ти сега го сугерираш Букаро.
Ја ќе пружам отпор додека не ме снема, зашто кога ќе престанам автоматски ќе ме снема.


био контакт