06 декември 2005

Радосна вест за македонските блогери

после Форум, дајџест и во Неделно време - една до две страници за цели или извадоци од постовите - проблемот со авторските права и лиценците - не спијте на славата

РАДОСНА ВЕСТ Блогераши и блогерашки, драга моја блогерано! Имам да ви соопштам радосна вест. После дајџестот што го спремам во Форум (кај што работам), еве уште една редакција се заинтересира за блоговите и нивните ставови. Неделно време од следниот број ќе почне да објавува преглед на блоговите, на - пазете - една до две страници. Јас уште кога работев во Време почнав да пишувам за блогови, така што изгледа пркнала семката штоја посеав во таа редакција.
Вчера примив мејл од главниот уредник, денес и се видов, на неделното издание на овој дневен весник (Бранко Героски). Вика дека на блоговите може да се најдат многу поинтересни содржини отколку патетичните хороскопи или камасутра ќошиња по часописите.

АВТОРСКИТЕ ПРАВА Една од дилемите на уредништвото му биле дали ќе има проблем со авторските права на блоговите. Еве ви една коска пациенти и колеги блогери. Еве, стигнавме на ред и ние да бидеме пиратирани. Јас им кажав дека секој блог за себе си има дефинирано политика на авторсите права, така што е лошо да се генерализира, ама не верувам дека има блогер што би одбил негов текст да иде у весник. Ќе идат само делови од постовите, така што може да се рече дека ќе бидеме само цитирани, не и копирани. Му ја кажав на урендикот и Creative Commons лиценцата (што ја користат многу од блогерите), што и според него никогаш не било спорно (нормално дека ќе се каже од каде е текстот).

ЗНАЧИ, цела страница (може и две) во Неделно време за блоговите. Затоа другари не спијте на славата, пишувајте, коментирајте, цитирајте, преведувајте, бидете активни - дедо ќе не чита во новина.

PS. Ако имате нешто можете и да им пишете на редакцијата на весникот на мејлот nedelnovreme@vreme.com.mk

4 comments:

mijalce said...

.аНТИ за градоначалник на Македонската Блогерска Заедница :)

.аНТИ said...

Може може, одлична позиција за уништување, за збришување за ништење

GoodBytes said...

Супер. Најдоброто во оваа вест е дека поголем број луѓе ќе се запознаат со можноста да си ги истураат вијугите без пари на Интернет. Тоа би требало да донесе квантитет и квалитет во продукцијата на македонските содржини на Интернет.

GoodBytes said...

Супер. Најдоброто во оваа вест е дека поголем број луѓе ќе се запознаат со можноста да си ги истураат вијугите без пари на Интернет. Тоа би требало да донесе квантитет и квалитет во продукцијата на македонските содржини на Интернет.


био контакт