Уште едно нешто за блогерската етика. Писмото „За блогерската заедница.. Или, како да направиме добра блогерска заедница?“ што Јаре а.к.а ZeroSignal им го праќа на македонските блогери го пренесува Вуната.
Неговата етика е во четири тачки. Не треба екстраинтелигенција за да се сфати. Секој од нас го знае тоа, ама добро е да се потсетиме. Еве неколку извадоци:
1. Земање туѓи текстови
Океј, прилично нормална работа. Сме прочитале нешто на некој блог/форум/сајт, и ни се видело интересно, па сме го префрлиле кај нас на блог. Тоа е во ред, меѓутоа, многу е важно да се стави линк назад до првичниот извор, и јасно да се наведе тој извор.
2. Коментирање
Коментирањето е една од најдобрите аспекти на блогот. Е сеа, многу е битно, од една страна авторите да не пишуваат текстови фор д сејк оф имање коментари, а од друга страна, тие што коментираат битно е да имаат стварно нешто да кажат. Нешто конструктивно и нешто што ќе придонесе кон активна и интересна дискусија. Не само да се истресе нешто.
3. Модерирање коментари
Секаде има идиоти, желни за внимание. Сосема е нормално навредливи и експлицитни коментари да се бришат. Секој власник на блог има комплетно и неоспорливо право да го прави тоа.
4. Почит
Имајте почитување кон колегите блогери. Можеби не се слагате со нивните видувања и мислења, и имате комплетно право да го правите тоа. Меѓутоа, во ниеден момент немојте да бидете навредливи.
12 март 2006
Етика за блогери во 4 точки
Posted by
.аНТИ
at
недела, март 12, 2006
Subscribe to:
Post Comments (Atom)



2 comments:
Некои блогери едноставно не се за почитување, неможам и нема да ги почитувам иако сум блогер.
Ставовите дури може да ни бидат исти, но тоа нема да значи дека го почитувам, и обратно.
Во врска со навредливите коментари, се согласувам, ама непочитување не е еднакво со оставање навредливи коментари.
Ако веќе има дефинирање на етика, ова сосема отпаѓа. "Правило" во која се вели дека треба да почитувам некого само затоа што е блогер е чиста глупост.
Post a Comment