Шест точки на блогерската етика според Ребека Блад. Таа е една од првите блогери во светот. Има напишано еден блогерски прирачник, а држи и предавања за блогирањето. Еве стокмив еден кодекс според нејзините препораки. Се надевма дека ќе и користи на нашава блогерска дружина.
1. Објави го како факти само тоа што веруваш дека е точно
Ако твојата изјава е шпекулација, кажи го тоа. Ако немаш причина да веруваш во тоа е вистина, или не го постирај, или напиши дека си резервиран. Ако објавуваш нешто, направи го тоа со добра намера; објави го како факт само ако според твоето најдобро сфаќање, тоа е точно.
2. Ако постои онлајн материјал, линкувај кога зборуваш за него
Линкањето до споменатиот материјал им овозможува на читателите да просудат сами за точноста и проникливоста на твоите објави. Читателите имаат право, колку што може повеќе, да имаат пристап до сите факти - Мрежата, на овој начин им овозможува да бидат активни консументи на информации. Ако не сакаш да пренасочиш на споменат материјал на интернет (на пример ако има говор на омраза) само впиши ја адресата, не ставај линк - притоа објасни зошто си го сторил тоа.
3. Јавно поправи ја секоја неточна информација
Ако увидиш дека си линкувал до приказна што е неточна, обележи го тоа и линкај до поточен репорт. Ако некоја твоја изјава е неточна, обележи ја неточноста и вистината. Во идеален случај, овие корекции треба да се појават во најактуелната верзија на твојот блог и како додадена белешка на оригиналниот пост (пребарувачките машини ќе го објават постот каков што бил на почетокот, и затоа мораш да внесеш измена и на него, за да не се шири неточноста). Ако нејќеш да менуваш во старите постови, барем кажи го тоа подоцна.
Еден од авторите на блогот Боинг Боинг поправките ги прави вака: Bill па следува исправката (тоа се прави со впишување на овој таг <strike>Bill</strike>).
4. Пишувај го секој пост како никогаш да не ќе биде сменет; допишувај, но никогаш немој да го пишуваш одново или да го бришеш
Постирај намерно. Ако во секој пост внесеш намера, ќе го осигураш својот личен и професионален интегритет.
Менувањето и ли бришењето на постовите го уништува интегритетот на мрежата. Вебот е изграден да се биде поврзан, во суштина, пермалинкот на секој пост е покана до другите да линкуваат. Секој што коментира на или линкува на нешто на Мрежата, смета на тоа дека тоа нешто ќе остане непроменето. Секоја промена би требало да биде обележана со датум и кусо објаснување на природата на промените.
Ако на пример еден пост или документ се смени, а тоа не е означено, може да се случи аргументот на некој што го линкал да звучи бесмислен. Ако избришеш нешто, тоа значи дека не се ни случило (а се случило) - тоа е некоректно. Бришењето е возможно на Мрежата, но не е секогаш добра политика. Историјата може да биде одново напишана, но не може да се врати назад. Стои зад тоа што го пишуваш, размисли пред да кликнеш паблиш. Ако се премислиш, поправи го тоа и објасни зошто.
Единствен исклучок е ако си објавил лични информации за некого. Тогаш е најдобро да се тргне цел пост, но тоа да се обележи.
5. Покажи на секој конфиликт на интереси
Повеќето блогери се транспарнтни за нивните работни места и професионални интереси. Бидејќи веблог аудиториумот се базира на доверба, добро е да се биде искрен во однос на она што се пишува и бенефитот што блогерот го има од тоа. Дури и блогерот што ќе добие бесплатно ЦД за да напише рецензија, треба тоа да го каже. Читателите ќе одлучат дали ќе му веруваат на рецензијата. Доволно е само кусо да се напише за потенцијалниот конфликт на интереси.
6. Обележи ги сите сомнителни и субјективни извори
Кога цитира материјал од сомнителен извор, блогерот е должен да ја објасни природата на сајтот од каде што го зел. Блогерите често откриваат добро напишани текстови на сајтови од субјективни организации или одржувани од фанатици. Искусните блогери имаат обврска да ја знаат природата на нивните извори - не е разумно, сите читатели тоа да го знаат. Читателите често зависат од блогерите како водичи по вебот. Да се посочи текст од малку налудничав извор или некој со силна агенда е ок, но да не се каже за природата на изворот е неетички, зашто читателите ги немаат информациите што им требаат за да ги измерат работите што ги читаат.
Ако ти е страв дека, ако кажеш за природата на изворот, читателите нема ни да отидат да видат што е тоа - прашај се зошто воопшто го линкуваш. Можеш да ја изгубиш довербата дури и ако само еднаш откријат дека си окристел субјективни извори.
11 март 2006
Блогерска етика
Posted by
.аНТИ
at
сабота, март 11, 2006
Subscribe to:
Post Comments (Atom)



3 comments:
:)
Многу си брз :)
brz-a, bi preferirala :)
Еј, фала за подучувањето. Ја сум од поновите, па ова топ ми улета.
Post a Comment