24 април 2006

Историчари - дај престанете да не лажете!

Од дискусиите што се водеа во моите два поста поврзани со македонско-бугарските односи и минато, се обелоденија неколку работи кои некако висеа во воздух, ама никој никако да ги каже:

(.аНТИблог) 21.04.2006 - Бугарски пост
(.аНТИблог) 20.04.2006 - Македонскиот Б-комплекс
како и неколкуте постови пишани на други места:
(Вуна) 21.04.2006 - Бугарскиот воз, да го ебам
( Малко мисъл, малко идеи...) 22.06.2005 - Б-комплекс срещу М-комплекс
(clubs.dir.bg) 20.04.2006 - „Бугарски“ работи
Очигледно е дека постојат драстични разлики во читањето на историјата. Постојат драстични разлики во толкувањето на фактите, разлики во она што го учиме во школо: во Македонија и во Бугарија. Кој е крив за тоа?

Ја не сум историчар, ниту пак некогаш сум се занимавал со истражувања и анализи - затоа не се впуштив во дискусија: само си кажав какво мислење имам. Никогаш не кажав дека историјата била таква каква што јас си ја замислувам - многу е можно и да грешам.

Знам дека и во Бугарија и во Македонија има луѓе кои цел живот се занимаваат со историја и кои земаат плати за тоа. Тоа се луѓето кои ги пишуваат книгите и учебниците. Некој од нив лаже. Мое мислење е дека СИТЕ ЛАЖАТ! И едните и другите, под влијание на државните интереси, патриотските и националните чувства - тие сепак ЛАЖАТ!

Во превод - не си ја заслужиле платата пошто работата не им е добро завршена. Такви историчари и го одземаат легитимитетот на историјата како наука. Науката е потрага по вистината, а не постојат повеќе вистини. Ако не се согласуваат бугарската и македонската „вистина“, тоа значи дека не се вистини (или барем едната од нив).

Научници, историчари, филолози, академици, слависти!!! Дај седнете заедно и кажете ни што е проблемот. Договорете се! Заборавете дека сте Mакедонци или Бугари - научникот нема националност. Вистината и фактите му се националност.

14 comments:

komitata said...

Ивица, сбъркал си линка към моя пост. Още веднъж поздравления за гражданската смелост. Абсолютно и 100% съм съгласен с тебе - необходими са усилия да се съберат двете гледни точки..

drangov said...

"И денес во независна држава и за време додека беше во југословенската федерација, науката често именува две становишта за Македонија: македонско и бугарско. Зад привидната прецизност е скриена манипулација. Божем македонското гледање што се развива и се форсира под државен патронат во Република Македонија од Втората светска војна наваму, се разликува од дотогашното српско стојалиште за Македонија.

Двете спротивставени сфаќања, српското и бугарското, по Втората светска војна се преименувани како: "македонско" и бугарско, т.е. југословенско и бугарско стојалиште. Науката што се произведува денес во Скопје оди верно по стапките на српската научна стратегија за Македонија.

Можете ли да погодите од кој скопски научник е овој цитат: "ВМРО била без сомнение внатрешна организација зашто постоела како таква во историјата на нашиот народ од југ во времето на ослободителното движење против турците: била македонска зашто нејзините членови биле македонци: исто така била и револуционерна зашто се служела со такви средства против постојниот режим на турското владеење. ВМРО имала сопствени материјални извори а нејзината цел била ослободување на христијанскиот народ од турците. По војните од 1912. до 1918., ги снемува причините за постоењето на ВМРО и тоа веќе не постои. Денеска постои Бугарски комитет но тој веќе не е ВМРО. Не е македонски зашто неговите членови се делумно бугари а делумно бугаризирани македонци кои одамна ништо заедничко немаат со својата земја."

Не мачете се, знам, не сте го погодиле авторот:

не погодив и јас кога ме тестираше еден мој пријател. По оваа прифатена шема на толкување на сопственото минато, во Македонија педесет години суштествува и се развива "научната историографија" и по овој шаблон е секоја историографска книга издадена во Скопје. Ова е напечатено во белградска "Политика" од 2 јули 1929, иако изгледа толку многу современо и толку македонистички, како денес да го напечатиле тукашни весници."

Младен Србиновски
Обеди ништожност, "НАШЕ ДЕЛО", Скопје, 1999 IЅВN 9989-710-09-0

spartak said...

Да да. Од булгариве овации ќе добиеш. Оди на мојот блог, те спомнав малце. Не се лути ама мислам дека има надеж за тебе.

банско said...

Много е просто. Ние четем в оригинал самите документи и книги, написани не от кого да е, а от самите исторически личности свързани с историята на Македония. Чак след като в детайли се запознаем с техните мисли, идеи и желания си позволяваме да анализираме и тълкуваме смисъла на техните действия. Считам, че това е единствено правилния, от историческа гледна точка, начин да се запознаем с истината за нашето минало. Всичко друго е субективно.

Гоце Делчески said...
This post has been removed by a blog administrator.
.аНТИ said...

И ова Комитата го ставил на бугарскиот форум.

.аНТИ said...

пошто пациентов забегал и не знаел да стави линак, туку цело интервју го опнал во коментар еве го поправено:

Гоце Делчески said...

Драги Ивица, всъщност разликите между българската и македонската историографии на академично ниво не са чак толкова големи. Ето едно доказателство - интервю на македонския историк и академик от МАНУ Иван Катарджиев:

па следи интервјуто

Българската историография стои не много далече от концепцията на Иван Катарджиев. Според нея македонската нация се е създала вследствие на разкъсването на българските земи през 1878 и особено поради дебългаризацията на Вардарска Македония след 1918 в контактната зона на българи и сърби. Някои от елементите на този процес:
а) за македонците етнифициращата македонизация е била компромисен опит за запазване на основата на собствената идентичност като отпор на процеса на сръбска асимилация посредством легитимация на локалната култура;
б) за Сърбия, респективно Югославия, етнифициращата македонизация е била компромисен опит за запазване на контрола и интересите във Вардарска Македония при непълно признаване на културната идентичност на македонците поради неуспеха на директната сърбизация;
в) македонизмът (при това в много различни версии - гръцки, сръбски и т. н.) като течение за културно и етническо обособяване е съществувал от втората половина на 19 век, но до Първата световна война е бил маргинално явление без сериозно влияние сред македонското население, което до 1918 в най-голямата си част е било поддръжник на традиционната вековна българщина.
Разликите на нивото на масовите идеи за историята са много по-големи. При това нямам предвид смешните антични теории за хиляди години непрекъсната история на македонския народ. Докато македонските историци добре познават историческите документи, макар и да не обичат да говорят с цяла уста за тях, властта на Република Македония все още смята, че е опасно за интересите й обикновеният македонец от дете да знае, че например: св. Климент е изпратен в района на Охрид от българския княз св. Борис I като архиепископ на българската църква; според всички исторически документи (български, византийски, сръбски, латински, арменски, арабски) цар Самуил е бил български цар; българското национално Възраждане има своя първи протонационалистически текст в Македония с книгата "История славянобългарска" на пиринеца Паисий Хилендарски, написана през 1762; че организацията, най-известна с името ВМРО, от 1896 до 1902 се е наричала Български македоно-одрински революционни комитети; и така нататък...
Приеми моите поздравления за тази тема!
25.4.06

Гоце Делчески said...

Исках цялото интервю да е вътре в отговора ми. Оказва се, че този текст не бива да бъде четен свободно тук. Трябва да се държи далече от очите на правоверния македонец. Софистиката на МАНУ ли те плаши толкова много, Ивица, че кфалифицираш опонентите си като пациенти? Страхуваш се от думите на академик Катарджиев "Сите наши луѓе се именувале како „Бугари“..."? Истината боли, Ивица! Бъди мъж, приеми я! Виж първо гредата в своето око преди да искаш обективност от българска страна и да обвиняваш българските историци в лъжи. Прочети го пак, и пак, и пак:

Сите наши луѓе се именувале како „Бугари“...

Сите наши луѓе се именувале како „Бугари“..."

Сите наши луѓе се именувале како „Бугари“...

.аНТИ said...

Друже Делчески, коментарот е скратен само за интервјуто - немој да ги мачиш луѓето со километарски коментари - моеш да ставиш цитат или извадок: ама цело интервју нема никогаш да дозволам. Виш како убаво во вториов пост си ставил цитатчиња.
Нема да дозволам да има коментар поголем од самиот пост (освен ако нема кажано нешто навитина важно) - за интервјуто кого интересира, може да си види на линкот.
На ги квалифицирам опонентите си като пациенит - СИТЕ ги квалифицирам като пациенти, пациенту ебан. Додуша македонците имаат сеа специјален третман - не се више пациенти него решив да ги викам извесен период КАНДИДАТИ, шо е пак некоја форма на пациент :)

Стойчо said...

Ивица, поздравления за куража!

komitata said...

Абе човек като търси интересни текстове, намира..

Ето още един текст по темата.

Радко said...

А всушност проблемот е што како резултат на оваа манипулација бугарите во Македонија се, како никоја друга етничка група кај нас, граѓани од втор ред. Со акламација!
http://www.vmro.bg/modules.php?name=News&file=article&sid=117
Иначе се друго е една мала заебанција:)

Lavot said...

гледам дека Бугариве, слабо читаат, ај го рабирам тоа....ама гледам дека и нашиве врска немаат, е тоа веќе боли...
и еве ви линк, читајте и радувајте се
Историја
Пак историја
И уште историја

Jakov said...

Секогаш постојат три вистини. Мојата, твојата и Вистината. Фразата кажува се. Попусто е и седењето и убедувањето на македонските и бугарските историографи никогаш нема да ја допрат Вистината. Најблиску до кое можат да дојдат е моментот на искреност во кој едни на други би си признале дека е време заедно да трагаат по неа и толку.
Бугарската страна и став немам намера а ни воља да ги коментирам.
Кај нив се се сведува на разноразни документи и документи и докумнети кои се вадат зависно од потребите и контекстот и толку за тоа.
Околу она што го нарекуваме наша, македонска позиција.
Најлошата работа која може и ни се случува е премолчувањето. Факт е дека последниве 50 години многу работи кај нас се премолчувани. Факт е дека на многу работи не им е дадено вистинското значење и не се презентирани во вистинското светло. Факт е дека обидувајќи се да се изведе историскиот континуитет од овој, од оној....често работие се мешале до тој степен да и ден денес талкаме наоколу за некои работи.
Сепак,Ние сме во далеку поповолна позиција од бугарската. Во за Бугарија идеалниот случај, кога би се докажале со најверодостојните докази нашите бугарски корени пак ние сме во предност. Велам предност зошто ние и во тој и во кој било случај немаме проблем со нашиот идентитет. Неверувам дека денес во Македонија постои Македонец кој има дилема околу својот идентитет, јазик, култура и кој сеуште е во потрага по самиот себе си( во национален смисол). Од друга страна Бугарија како држава и народ има нерешлив проблем. Неможе да го прифати фактот за нашата самостојност, неможе да го смени минатото, а свесни се и длабоко во себе си имаат и признаено и знаат дека надгробните плочи од 11 век и писмата од пред 105 години се минато и ништо повеќе во однос на Македонија.
Ние имаме своја држава, свој јазик, култура и нашата цел (треба да) е нејзино развивање и натамошно афирмирање во светот....наспроти ова ја имаме Бугарија која сеуште не знае што сака во однос на нас. Сака да не има под свое, сака да не нема воопшто како народ, сака да биде Германија во однс на Австрија, сака некакво морално признание или едноставно има потреба од китење со туѓи перја.......???


био контакт