На срската национална телевизија гледав една емисија во која учествуваше Алекса Ѓилас, синот на југо-дисидентот Милован Ѓилас. Типот во моментов работи како историчар, социолог и политиколог. Иако забележав неколку пати како изнесе некои српски националистички ставови (по потекло е црногорец ама имаше просрпски ставови), беше релативно објективен. Најинтересна теза му беше онаа за југословенската идеја. Еве парафрази:
„Европеизацијата на овие простори неизоставно ќе доведе до оживување на југословенската идеја“Цитативе, посебно последниов, покажуваат какви идиотски ефекти ни донесоа национализмите и национал-патриотизмите - македонштините, србството, кроатизмот, словеншчината... - како ли се викаат тие ѓаволски пронајдоци?
„Југославија спонтано ќе си се обнови. Во прилог на таа идеја работат природната блискост на народите, културите, јазиците, економиите... Потребно е само да се тргнат блокадите кои ги поставуваат одредени делови од интелектуалните елити“
„Јас отсекогаш бев приврзаник на југословенската идеја. Останувањето во таа заедница не значи губење на националните идентитети - туку, напротив, нивно развивање. Сега, оставени да живеат во мали држави, народите се под силно влијание на големите играчи и сега идентитетите им се многу позагрозени“
Што се однесува до природниот тек на соединувањето на Југославија - прашајте ги Тоше и Каролина, прашајте го Коља за културните врски и потребноста од поврзувањето меѓу Скопје со Загреб и Белград...



4 comments:
Што се однесува до природниот тек на соединувањето на Југославија - прашајте ги Тоше и Каролина, прашајте го Коља за културните врски и потребноста од поврзувањето меѓу Скопје со Загреб и Белград...
-----
ја па мислам тоа е kind of globalization..
кајнд а меџик!
При нас имаше една раклама за бира (пиво), която завърпшваше така: Мечтииииииииии.......;-)
Искам да уточня: Единственият разумен, мирен начин за махане на границите на Балканите е влизането на държавите от региона в Европейския съюз
Post a Comment