Ако не се согласуваат бугарската и македонската „вистина”, тоа значи дека не се вистини (или барем едната од нив). Проста логика. А во судницата, кога двајца сведоци даваат спротивставени искази, тоа се решава со нивно соочување. Ама историчариве никако да се соочат. Попрво ние блогерите ќе се поколеме на Интернет, отколку тие, на кои тоа им е работа, да ги надминат дискусиите со моќта на аргументите.
Сe почна со еден воз. Не обичен. Бугарски воз. Апстрактна синтагма за многу конкретно прекршување на изборните правила.
Бугарската амбасада некаде во април годинава побара од македонските партии, невладините организации и од медиумите да престанат да ја користат синтагмава за означување на изборното прекршување. Не знам кому прв му текна на имево и од каде потекнува концептот, ама знам речиси во што се состои: иде гласач пред гласачкото место, од партиските активисти зема ливче што е веќе заокружено (се разбира и одредена сума пари) и го става в џеб. Потоа најрегуларно си гласа, само што зад пултот каде што треба да заокружува, тој само ги менува ливчињата. Веќе заокруженото го пушта во кутијата, а празното им го враќа на партиските активисти.
Зошто е возот бугарски? Ја пренесов на мојот блог реакцијата на бугарската амбасада и додадов неколку коментари. И?
На моето пишување имаше четириесетина коментари, што во блогосферата е релативно многу. И не само тоа: бугарски блогери темата ја презедоа и ја пренесоа на своите блогови и на еден бугарски портал, па кај мене нагрнаа и бугарски коментатори. Така, несакајќи, мојот блог стана еден меѓународен форум за дискусија за прашањето за македонско-бугарските односи и историја (на концептот „бугарски воз” еден од бугарските коментатори одговори со концептот „македонска тројка”, што според него значело: „Двама се ебат на леглото, един лежи заклан на пода”) .
Знаев дека има разлики во ставовите, ама не знаев дека секоја од страните има толку многу аргументи за одбрана на сопствената позиција. Блогерите и коментаторите, претежно млади луѓе, цитираа книги, ставаа линкови до интернет-архиви и библиотеки, преведуваа биографии на историски личности...колку само желба и жар да се одбрани сопствената вистина. Сето тоа може да се види, сe уште стои на мојот блог. Дебатата на моменти се вжештуваше, на моменти беше дури и исполнета со навреди, но на моменти беше строго научна и аргументирана. Онака како што би требало да го прават тоа историчарите. А не го прават! Го прават ли? Јас не гледам дека некој има иницијатива за изедначување на гледиштата поврзани со историските личности и настани.
Кои се фактите? Очигледно е дека постојат драстични разлики во читањето на историјата. Постојат драстични разлики во толкувањето на фактите, разлики во она што го учат македонските и бугарските ученици. Кој е виновен за тоа? Јас не сум историчар, ниту пак некогаш сум се занимавал со истражувања и анализи - затоа не се впуштив во дискусија: само си кажав какво мислење имам. И никогаш не кажав дека историјата била таква каква што јас си ја замислувам - многу е можно и да грешам, затоа што не сум историчар. Знам дека и во Бугарија и во Македонија има луѓе што цел живот се занимаваат со историја и што земаат плати за тоа. Тоа се луѓето што ги пишуваат книгите и учебниците. И тие, кога тргнуваат од исти факти, произведуваат различни заклучоци. Некој од нив лаже. Можно ли е 2+2 во Македонија да е 5, а во Бугарија да е 3?
Мое мислење е дека сите лажат! И едните и другите, под влијание на државните интереси, патриотските и националните чувства, со добри или лоши намери - тие сепак лажат! Не си ја заслужиле платата зашто работата не им е добро завршена. Такви историчари и го одземаат легитимитетот на историјата како наука. Науката е потрага по вистината, а не постојат повеќе вистини. Ако не се согласуваат бугарската и македонската „вистина”, тоа значи дека не се вистини (или барем едната од нив). Проста логика. А во судницата, кога двајца сведоци даваат спротивставени искази тоа се решава со нивно соочување. Ама историчариве никако да се соочат. Попрво ние блогерите ќе се поколеме на Интернет, отколку тие, на кои тоа им е работа.
Научници, историчари, филолози, академици, слависти (македонски и бугарски)!!! Дај седнете заедно и кажете ни што е проблемот. Договорете се! Заборавете дека сте Македонци или Бугари - научникот нема националност. Вистината и фактите му се националност. Расчистете ги проблемите. Смешно е за работи што немаат никакво влијание на конкретните животни услови да влијаат ирационални дискусии поврзани со идентитетот и историјата.
И што мислите, кој победи во дискусијата на мојот блог? Македонците или Бугарите? Никој. Или не...поточно е ако кажам: победив јас - се зголеми посетеноста на мојот блог. Тоа покажува колку е интересно и жешко прашањето и колку за него сакаат да дискутираат сите освен тие на кои тоа им е работа.
(ова е мојата колумна во денешниот број на Шпиц - за да прочиташ повеќе за овие нешта почни од мојот пост Историчари - дај престанете да не лажете)
20 јули 2006
Македонска тројка и бугарски воз
Posted by
.аНТИ
at
четврток, јули 20, 2006
Subscribe to:
Post Comments (Atom)



14 comments:
От много отдавна историците в Софийския университет "Св.Климент Охридски" се опитват да убедят колегите си от съседните страни да напишат ОБЩ учебник по история.
Засега срещат неразбиране (да не казвам от кого - няма смисъл да се дразниме един друг).
Постингът ти е крачка в тази посока - поздрави :-)
Најпрво нека сопрат слајдовите на историските илустрации да се менуваат од ден на ден,нека запре производството на историски заборав кај нас, па потем можеби ќе можеме без комплекси да разговараме со нашите соседи за нашата заедничка историја. Во спротивно, нашата историја е етнологија - составена од охридска куќа со суви пиперки, пиштол и сабја врз евангелие, играорци под знамето и...можеби „Синтезис“?:-)
Хубава статия! Поздравления!
Обаче историята не се прави с договори между историците, а с факти.
А фактите не са силната страната на македонските историци.
Ивица, добре си го написал. Но имам твърде много възражения относно възможността историци да се договарят каква история да се учи от децата ни. Макар да се опитваш да бъдеш обективен, това не ти се получава. И не защото нямаш желание, а защото гледаш историята от “своята камбанария”. На теб ти е мила и скъпа Македония, каквато ти я познаваш. А аз обичам моята Македония. И това не е само Пирин, родното място, небе и звезди, а най-вече хората, които са ми скъпи. Родът на единият ми дядо – бежанци от Солунско, кара сърцето ми да плаче за Егейска Македония и хилядите като тях прогонени от земята си, но намерили нов дом из цяла България. Неговата жена, моята баба е от Вардарско. Залюбили се, когато българите “окупирали” твоята Македония. Сърцето ми плаче, когато виждам как нейните роднини днес са научени да презират всичко българско. Кипя от гняв, че почитат Тито като национален герой, наравно или дори повече от Гоце Делчев /те не знаят, че Гоце е бил учител по български език/. Този Тито, който има заслуга в две основни направления – 1)македонците по негово време да пътуват свободно по целия свят и 2)това да има твоя и моя Македония. И докато роднини ми го тачат заради първото, аз го мразя заради второто. Защото от един народ той сътвори не просто два, а народ, който за враг номер едно приема собствените си братя. Това не е ли най-голямата историческа перверзия?! Можеш да ме причислиш към македонките объркани от българската “шовинистична” пропаганда или да усетиш, че единствената пропаганда, която може да накара сърцето ми да тръпне, плаче или обича е тази на кръвта - кръв, която е смесила Вардар, Егей и Пирин в едно. Как историците ще разделят кръвта ми?! Как ще разделят коя част е българска и коя македонска?! Как историците от твоята Македония ще заличат спомена за очите на прабаба, обикновена женица от Неврокопския край, но изкусна разказвачка на приказки за стари времена – времена на робство за тях българите. Или за гордостта в старческите очи на прадядо ми, нейния мъж, че е племенник на Костурския воевода, спасил четата си от гибел …Ще се постарая децата ми един ден да си спомнят моите очи, за да научат своите деца да обичат Македония. А обичат ли я, няма да позволяват някой да дели историята и, защото и тя като кръвта е пропила цялата българска земя….Та твоята Македония не познава моята…
С поздрав от Благоевград, Неда.
Секогаш спорот меѓу Македонија и Бугарија сум го наоѓал за банален, нешто за кое никогаш не вреди да се расправа. Додека учев четири години во Бугарија сум чул и сум дискутирал на тоа прашање најмалку милион пати и никогаш не дојдов до одговор кој може да ме доближи или да ме убеди во вистината на една или друга страна. Мојата потполна незаинтересираност се зголеми со одминување на времето кое го поминувавав таму. И сеа као демек сум се бугаризирал а? Разликите меѓу нас новодојдените студенти во Бугарија со Бугарите беа големи не само заради начинот на кој се однесуваме, зборуваме, мислиме туку и за начинот на кој што го движиме секојдевието. Одењето и живеењето на еден студент во Бугарија е преживување на културен шок. Се сметавме себе си за странци и не сметаа за странци.
Кога дојдов ги сметав Бугарите за странци поради тоа што насекаде имаат место каде што се продава евтино еспресо измешано со вода за триесет стотинки и заради фактот што луѓето толку многу го пиеа. На улица, на автобуска станица, во болница, пред факултет, во канцеларија, во банка, пред хотел. Пиењето на `длго кафе с сметана` не би беше познато мене. И не само тоа, наплаќањето на веце по педесет стотинки, возењето во трамвај, метро, продавање на турбо фолк ЦД-а на места на кои никогаш нема да помислиш дека се продаваат, баничка со боза, правењето „на здравје“ на секои пет минути, начинот на облекување, смешни зборови на кои потајно се потсмеваш со твоите пријатели до ден денеска, секс шопови, геј клубови и демек Бугарки со слободни сексуални размисувања. Демек, Бугарија била земјата во која си ги остварува секој Македонец своите сексуални мечти. Македонските адолесценти се хероји во очите на своите другари од Македонија кои не ја имале таа среќа да ја учат во Бугарија. Во Бугарија е се полесно, во Бугарија е се поефтино. Илиенци е првата трговска дистанца на македонскиот шопер, бугарските стриптиз клубови и проститутки се една од дестинациите во бурните емоции на Македонците. За еден Македонец за спие со Бугарка е гордост, Македонките за Бугарите се палави и малку недофатливи. Ако една Македонка спие или оди со Бугарин е срам за уши на некои луѓе. За еден Бугарин да оди со Македонка е знак за двоумливост и непознатост за неговите родители. Ако еден Македонец донесе Бугарка во Македонија таа е секогаш тема на разговор на роднините и озлобените комшии. Ние, самите помеѓу себе си ги стваравме тие разлики и тоа многу често го правевме намерно. Бев наоѓан како странец помеѓу Бугарите затоа што слушам музика кој не е позната за нив, книгите кои ги читав, ајварот кој го јадев и тоа што уживав некои привилегии кои тие не можеа. Бев наоѓан странец заради тоа што викав „ако“. Многу од нив ја сметаа Македонија за многу понапредна земја заради која си полнеа гради многу Македонци или пак заостаната земја со народ на кој што му е испран мозокот од Тито. Тие не веруваа дека за времето на Тито моите живееле убаво и изградиле свои домови и кариери, за разлика од нив кои ги немале тие привилегии за времето на Тодор Живков.
Спорот и фрустрациите од него не беа само потикнувани од цимерот, комшиката од соседната соба туку и од професорите кои најчесто даваа кратки но многу смислови коментари, прашања или реплики. Многу ретко имаше некој кој ќе ја подржи гледната точка на 18 годишно момче кое за прв пат излегува од дома и со ентузијазам го учи тоа на што се запишал или препишува на испити затоа што неговите родители доктори го испратиле да учи Медицина во Варна затоа што во Бугарија повеќе се наблегало на практиката. Да, може е точно. Точно е дека постои дискриминација на Бугарите во Македонија. Постои и дискриминација на Македонците во Бугарија. Се слушаше дека една Македонка не ја примиле во еден Бургаски ресторант на работа затоа што била од Македонија и затоа што зборела многу смешно. Еден мој пријател Бугарин бил исвиркан од Македонци во една скопска бурекџилница.
Според мене еден интелигентен човек никогаш нема го потикне тоа прашање затоа што ствара разлики меѓу луѓето и става бариери меѓу нив. Сега, далеку од местото каде што се создава тој спор за тоа дали си Бугарин или Македонец не е важно. Со Бугарите работиш, со нив се дружиш, одиш во Бугарски продавници, јадеш, пиеш кафе, живееш со нив или создаваш семејство со нив. Јас делам секојдневие со Бугари и ги чувствувам блиски како мојот Македонски народ. Начинот на кој што зборувам Бугарски е како на Бугарин роден во Бугарија и мојата цимерка особено кога ќе голтне неколку чашки со алкохол ќе почне да ме бакнува и ќе ми рече дека ќе ме памети цел живот.
Јас ги сакам Бугарите и Бугарија заради тоа што ми го дадоа образованието, ме стегнаа како личност и ме научија да размислувам. Ги сакам заради тоа што создадов пријателства кои ги паметам цел живот и девојки со кои што сум поминувал неверојатно. Ги сакам заради комшиката од преку врата која ми идеше на македонско кафе, за колегата кој идеше кај мене да зема протоколи. Заради цимерот кој си ги миеше чорапите во судоперот и за милин мали ситници. Ја сакам Бугарија и ги сакам Бугарите.
Јас ги сакам различностите, тие не треба да не разделуваат.
Бобан
FADEOUTби сакал да знам, зошто македонските историчари не се интересираат за „македонското„ по странските архиви...или се си знаат по тоа што баба и дедо кажале?
Зошто немаат актуелизирано никаков конфликт со други историчари од земјите каде биле или бидуваат гости, по семинари и такви работи...
или таму ја презентираат и се помируваат со историјата која е реална во знаењето на сите историчари, а кога ке стапнат дома се перчат како петли на буниште дека светот уште им го сака тоа буниште и кова заговор да им го земе,и продолжуваат да вежбаат креирање историја по нашите (постојано нови) учебници.
кој тоа кажа дека нашите историчари не одат по семинари?
Семинари се одржуваат редовно и се праќаат и од кај нас...
Очигледно е дека дел од нашата популација е во заблуда...
Прво, факт е дека поголемиот дел од документите не се кај нас- т.е. се во Софија...
Понатаму и пилето знае дека си ги вадат само тие документи што им одговара..
Трето, за да се разбијат сомнежите и да се открие вистината, требаат најмалку 15-20 години упорна работа...
Затоа што колку што има нашата историја дупки, толку има и бугарската, а и српската богами...
И така, ќе ви речам, по кроце, има кој да се занимава со тоа...
Останатите, бркајте си ја работата...
Ај, поздрав
Друже лав, си бркаме работа - работа ни е да чепкаме по вакви работи, зашто ако не чепкаме кој ќе чепка?
Аки ние не ги чепкаме тия работи - някой друг, вместо нас, ще ги чепка...
Не искам да е така
Още веднъж поздрав за куража!
Шведска тройка се състои от 3-ма шведи , Бразилската тройка е Роналдиньо и двата му зъба ... а друг вариант на македонската тройка е , че тя се нарича македонска , но дефакто се състои от трима българи :)
Айде стига майтапи ... евала на Ивица , че се осмелява да поставя такива въпроси за дискусия . Има нужда и то голяма . И както писа Неда от Благоевград малко по-горе , най-лошото е , че днешните македонци знаят много , ама много малко както за собствената си история , така и за нас българите като цяло . не ни познават и това е големия проблем , но всичко ще си дойде на мястото с времето . Аз съм оптимист ;)
опа забравих нешто да добавя ... Случайно попаднах на един гневен коментар от македонец по повод новия български пасош на Любчо Георгиевски . Момчето най-много се ядосваше на факта ,че новия адрес на Любчо бил на улица Татарчев в Благоевград ... която явно свързваше с татарското племе или нещо подобно азиатско-чувашко(любимо македонско) . Много е тъжно да видиш как такива хора идея си нямат , че улицата носи името не на кого да е а, на д-р Христо Татарчев от град Ресен - основателя на ВМРО !!! Тъжно , мноооого тъжно ! Не знам да се смея ли или да да плача като чета писанията на такива хора ... Затова си струва да има такива постове по блоговете и да коментираме . Още веднъж , браво Ивица !
иво пријателе...војна а %)...а ти што од не знам кои побуди се именуваш „лав„...чива работа е бре историјата ако не на секој еден обичен член на општеството исто онолку колку и на секој академик кој продава топла вода од ману па на далје...чива работа е историјарта ако не на оние што сериозно си го знаат националниот идентитет и не сакаат ни за миг да им се чепка таму затоа што чувствуваат благодарност за жртвата што била направена за нив исто толку колку што се спремни да направат и тие жртва за оние по нив...затоа иако името (можеби си анималист)ти е лав или така си се викаш истапот ти е ептен комунистички, „нема вие што да мислите има кој да мисли...„така ли?
и еве ти иницијатива. ако не знаеш да ги торжествуваш достојно великаните на твојата историја тогаш не вулгаризирај и отстапи им да ги слават оние што ги родиле тие великани.
и за крај на коментов, кази ми еден македонски историчар што на еден семинар поставил барем еден проблем од нашата историја?
Лавот е пријателе, свето животно кај Македонците... култ...антика... незнам дали ќе сфатиш, не е ни важно...
можам да се нарекувам и пеце и миле и тито и шубашиќ и живков и што е тоа важно...
Ме радува тоа што народот почнува да се интересира за историјата, но не да се злоупотребува...
И тој став не ни малку комунистички...
Оди ти и поигрувај се со историјата во „антикомунистичките“ земји, па ќе забележиш каков комунистички стап ќе добиеш...
Туку, ај Честит Илинден!
Има само еден лек за болеста наречена "македониз'м" ... и тоа е шиптари и визи за навсякъде !
Post a Comment