Еве една футуристичка визија за развојот на медиумите (кликај таму да го видиш филмчето). Како и сите футуристички обиди и таа нема да се оствари. Иднината не може да се предвиди ниту да се претпостави. Дури и да се поклопи историјата со футуристичката сторија, тоа нема да биде иста приказна - значи под дифолт си згрешил.
Во секој случај, ако јас се прашувам, она што е претпоставено во филмчево, нема да се оствари во иднина. Зошто? Затоа што веќе е реалност. Авторите малку се заебале. Речиси сите услуги што се кажани во филмот, се или реалност, или ќе бидат многу скоро.
Сега, прашањето за тоа што малку биле песимисти и што претпоставиле несметана доминација на Гугл. Мислам дека и тука згрешиле. Не излегува секогаш се онака како што може да се претпостави. Има многу непредвидени фактори, нови технологии кои авторите не ги претпоставиле и така натаму. Го заборавиле потенцијалот на мобилниот пазар, ги заборавиле евентуалниот развој на холграмската технологија, технологијата за тродимензионална телевизија, не ја претпоставиле фузијата на електронските изданија и печатот („печатење“ на фолии), развојот на енциклопедиите како Википедија и уште многу други технологии кои се во развој и потенцијални нарушувачи на глаткиот тек на работите како што авторите го предвиделе. Ако се земе се предвид, оваа визија може дури да се нарече и сиромашна. Енивеј, интересно за гледање.
(Калина, фала за линкот)
(ако некој друг сака нешто да се пишува на блогов, слободно нека клика горе во предложи тема)
24 ноември 2006
Иднината не дошла, ама тука е некаде
Posted by
.аНТИ
at
петок, ноември 24, 2006
Subscribe to:
Post Comments (Atom)



1 comments:
Еве може јас да предложам тема:
EPIC 2014: News apocalypse now
:)
Post a Comment