10 декември 2006

10 причини да се отштрафи крстот на Водно

Моите десет причини да се отштрафи крстот на Водно и да се продаде како старо железо.

1. Провокација „за Шиптарите“ - никој не може да ме убеди дека добар дел од причините за градењето на крстот е „за инает на Шиптарите“, „да видат они кој е овде газда“. Аргумент што е валиден исто толку колку што во бракот е валиден аргументот „да се знае кој дома носи пантолони“. Истото тоа е аргумент што побргу да се расштрафи монструмот затоа што симболизира нетолеранција, ксенофобија и оди против намерите за мирен соживот.

2. Крстовите се градат внатре - крстот на водно е симбол на кич-христијаните, на божем-верниците, на фарисејштината. Христијанството не е прашање на големината на крстовите, прашање е на големината на доблеста што ја имаш. Крстовите не се градат на планини, тие се градат внатре во христијанинот. Имаше еден стих од Библијата во кој на христијанинот му се препорачува кога пости да си го измие лицето и да не се фали со тоа. А крстот е токму тоа - фалење со верата.

3. Симбол на фундаментализмот - тргнувајќи од претходната причина (2) таа ерекција на Водно за мене го симболизира најлошиот дел од сите религии - политичкиот, лукративниот, фундамнтиалистичкиот, силеџискиот, оној поради кој Инквизицијата палела, папата повикувал на крстоносни војни, оној дел од религиите поради кој и денес постојат бомбаши самоубијци... Вака личиме на избацивач со бричена глава и љута фаца готов да те претепа ако го погледнеш накриво, но со крст на врат.

4. Лицемерно е - еднаш гледав еден порнич во кој главниот актер имаше на вратот златен ланец со привезок распетие. Крст. Дали тој беше христијанин само затоа што го носеше крстот? Не е ли малку дволично да се перчиш со крстови? Не е ли подобро тие пари што се дадени за крстот да се употребат за народни кујни, за училишта... па и едно верско училиште има повеќе смисла од грдосијата на Водно. Многу христијани се срамат од крстот.

5. Религијата не е бизнис - ако крстот е изграден како симбол на христијанството важат неколкуте горни причини, ако е изграден како туристичка атракција за да се соберат пари - сите попови што собираат пари за крстот да си ги остават мантиите и да почнат бизнис. Само не знам колку им е добар бизнис проектот.

6. Крстот не е неутрален симбол - секоја споредба со Ајфеловата кула или некои други монументи нема основа. Крстот не е неутрален симбол. Со него не може да се поистовети мнозинството. Одвај две третини од населението во Македонија е по потекло од христијански семејства и одвај две третини од нив се декларираат како верници и одвај две третини од тие што така се декларираат имаат појма што е тоа христијанство. Тоа значи дека на половината од населението тој симбол не им значи ништо, а многумина ги иритира.

7. Враќање во средниот век - религијата и фанатизмот, строгото држење кон традицијата и суеверието, во многу ме асоцираат на среден век, на романтизам, на темно, на назадување, на незнаење. Крстови, споменици на масовни убијци и диктатори (Скендер бег, Александат Македонски...) - каков ние тоа вредносен систем градиме?

8. Железо без никаква вредност - крстот нема никакво значење, освен негативно (како што погоре напишав на неколку места). Барањето за негово отштрафување не девалвира ништо. Нема традиција, нема ништо поврзано со него што би имало историска или културна (па дури ни религиска) вредност - едноставно: тој е само куп железо.

9. Естетски дискутабилно здание - за естетиката може да се дискутира. Мене не ми се допаѓа крстот. Мислам дека ако веќе се градеше нешто можеше да се изгради нешто многу поубаво. Ама на градителите не им било првостепоно изграденото да биде убаво, туку да биде крст. Впрочем архитектот Жан е познат по промашени архитектонски идеи (не знам како добил награда, ама ја насетувам приказната) како на пример возобновувањето на Стариот скопски театар многу проблематична идеја. Негово злодело е и руглоно од пешачки премин во Влае, таканаречениот „Влајко“. Претседател на вљубениците во старо Скопје (кои забораваат дека во Скопје не живеат стари скопјани туку современи луѓе), Здружение на архитектите на град Скопје.

10. Не му е таму местото - затоа што кога ќе го погледнам водно сакам да видам планина. Вистинска, чиста, природна. Не сакам крстот да ми упаѓа во пејзажот, да ми ја контаминира глетката.

За понатамошно читање:
(.аНТИблог)29.01.2006 - Прстот на Водно
(Канализација)20.01.2006 - Имаше ли потреба од крстот на Водно?
(Вуна)15.04.2006 - Распнати под крстот
(Вуна) 10.12.2006 - Отштрафете го!

41 comments:

TРИБУН said...

Од денеска, кај мене на сајд барот (и кај IACOVIBUS),
mоже да се види (и слободно да се земе) банерчето „Да се ДОВРШИ! Да се ЗАШТИТИ!“ (крстот на Водно).

* * *
Бидејќи излегов со контра акција за довршување и заштита на Милениумскиот крст, на кој Вуна одговори дека нема ништо против верата, туку против зданието, ќе повторам дека во случајот, така се поставени работите што зданието само по себе е симбол на верата! Инаку, принципот да се отстрани крстот за да се направи нешто друго (училиште на пример) е несоодветен. Затоа што грижа на државата треба да бидат и едното и другото и нешто трето. Зошто на пример, не потегнавте иницијатива да се отстранат некои други објекти и од металот да се направат постоља за школските клупи и столчиња?

* * *
Инаку го користам медиумот и за контра повик. Значи, сите блогери што се спротиставуваат на идејата за „отштрафување на Крстот“, односно ја прифаќаат идејата „Да се доврши! Да се заштити!“ Милениумскиот крст, нека постават банер на својот блог.
Текстот и банерот на: http://tribun.blog.com.mk.

.аНТИ said...

Бујрум, бујрум, ама ниедна од моите 10 причини не беше ни предизвикана, а камоли побиена

нена said...

вака читам читам и просто не могу да верујем дека во СЕ се согласувам со тебе!

освен моментот под број 4 што не го сфатив баш - што има везе што типот у порничот носел крст?

иначе лично мислам дека нема да се отштрафи, ама па нешто спектакуларно брзо нема ни да се заврши работата таму. додуша, со десна (или бар претежно десна) влада никад не може човек да биде сигурен.

страшното е што сепак и ова прашање зависи од владата и нејзината поврзаност со црквата- колкава е поврзаноста ќе се види од исходот за Законот за верски заедници.

Бајкобиограф said...

Вака. Провокација за Албанците не може да биде, поради тоа што Албанците под дифолт не се не-христијани. Напротив, има Албанци-христијани. Исто така, псотоја и Македонци не-христијани. Зарем тоа е против нив, исто така? Доколку од друга страна мислиш дека е против муслиманите, тоа е друг муабет. Како верник ти тврдам дека никогаш не би направил нешто само поради тоа што тоа нешто се коси си исламската религија. Никогаш, веруј ми. Твоето генерализирање е вулгарно у овој случај.

Крстовите внатре, точно. Но, и надвор. И ниту еден Христијанин не треба да се срами од Крстот. Да се срамиш од Крст, значи да не си христијанин. Доколку укажуваш на фарисејската природа на Црквената симболика, служба и слично, тогаш веќе говориш како протестант. А тука не зборуваме за протестантска логика или Црква (by the way, протестантскиот начин на размислување е основа на капитализмот, кој тебе баш и не ти се бендисуваше, нели?)

Крстот е симбол на верата, на љубовта и на Бога. Тука нема никаков фундаментализам. Папата и инквизицијата се католичка творевина, се оградувам и од нив.

Туку, ова под четири е - зини земјо, голтни ме! Си глеал порно, тој носел ова... значи, ако си глеал порно на кое главниот лик носел зелена маичка, дали тоа значи дека ниту еден верник не треба да носи зелена маичка повеќе? Give me a break!

Понатаму, Крстот не е неутрален. Ниту пак, треба да биде! Не го разбрав ова... или пак, се залагаш за општество кое по секоја цена ќе го брани тоа, политички коректното?

И да не ја тупам многу. Се’ на се’ се сведува на она, дека е многу ретро или не е „ин“ да си верник... го разбирам тоа, ама не го прифаќам. И твојов пост, и сета реакција е само индикатор повеќе за моралната криза у која цивилизацијата се наоѓа.

Ама, ќе даде Бог, ќе биде подобро

:)

Дарко said...

Серко...исто како и во најголем дел од колумните.Сега за сега ме мрзи да ти образлагам иначе 5-6 0д наведените причини ти се гола вода .Или девизата:да сум контра и пис на јазик за да бидам интересен и предизвикам внимание.

Anonymous said...

- Овде муебетов нешто држи вода док мајстори не оду. Не значи дека ако нешто се изнамуабети човек за некои ете да се рече малку посуптилни теми дека е во право.

Дали е провокација да се покаже кој е маж у куќа или пак една параноја која се јавува во рамки на безизлезност на неправилните расудувања, кога сите се запрашуваат што е она што се случува, т.е. некоја војна или што и да беше на времето.

Дали некогаш си се запрашал зошто е изграден?

Дали си ги земал во предвид временските случувања или што јас знам моментната политичка или која и да е ситуација или пак сега сите се правиме паметни у фазон, сите генерали после војната се добри.

Да се отшрафи и да се направи пруга према Охрид.

Да се отштрафи и да се направи спортска сала со металот. Да се отшрафи и да се направи Ајфелова кула во Скопје.

По барање на ваквите идеи за задоцнето вреднување би било интересно да се гледа и на другите историски или религиски споменици на сличен начин:

Да се изрушат сите џамии, да се турнат сите цркви, да земеме нови талибански државјанства и сите макар и најмали статуички од Буда да ги разнесеме на парчиња, а со остатоците да направиме едно училиште во кое ќе ги учиме луѓето на она што треба да се прокламира:

- По она што читам да се надминат предрасудите и да се отпочне начин на гледање на различностите и да се намали фундаментализмот.

Се би било во ред, да би било реално така:

- Ќе отштрафиме крстовите, ќе затвориме цркви и џамии. Крстовите и религијата ќе ја носиме со себе, без да им се придава значење на ниеден верски објект.

Ова е се супер уште да беше реалност. Ајде да го наречам еден обид на еден изблик на жеље и честитке.

А реалноста? Е реалноста мора па да се занимава со вакви прашања, по изградба на некој објект, да ја докаже природата на апсурдност во некогашните моменти на одлучување.

А зашто? Е, па така изгледа биле наместени ѕвездите или планетите во тој момент?

А сега муабетиве: Кучињата лаат а карванот си врви.

Додуша па понекогаш и мора да се дигне по некоја прашина да се опипа пулсот на луѓето.

Колку да се знае дали реагираат или пак може конкретно и со стап да ги маваш, а да не реагираат.

Мало загревање како испитување на јавноста од уште некоја глупа идеја или незнам некој глуп феномен од типот:

- Владата не треба да биде покрај Вардар, туку како значајна институција треба да се пресели во бараките во градскиот парк, а оние пак од градот да се населат во просториите на владата.

Или пак зашто и не пак друга идеја:

Да го распуштиме собранието и да создадеме дом за бездомници во него.

Што има тука лошо?

И тоа е идеја.

drugarce said...

ајде само првата причина да ти ја прокоментирам, за другото не вреди да се трошат бајти...
Крстот не е провокација туку порака до како што ти викаш Шиптарите. Порака дека по нивните „борци за права“ кои убиваа војници во кукавички заседи, жигуваа невини работници, рушеа стари манастири, убиваа невини матуранти и фрлаа со мобилки по полицајците, мнозинството народ во Македонија кој се идентификува со крстот не тргна во граѓанска војна против оние „другите“. За мене тоа е дел од христијанството на нашиот народ и не гледам тука никаков ни фундаментализам, ни провокации

ТРИБУН said...

.анти, напротив! Како што можеш да забележиш, реалноста те демантираше за само 1 час. Велев јас, за вакви работи треба да се размисли длабоко пред да се каже нешто, затоа што резултатот секогаш е конфликт, кој не води никаде. Во случајот, повикот за „отштрафување“ на Крстот нема врска со него, бидејќи тој постои. Поентата е дека со банерот, со фотката од ККК и со лаичкото навредување се прави обид за ограничување на слободата на луѓето, во ваква, исклучително суптилна сфера.
И сега неместо да се собере храброст и да се признае невнимателноста, упорно се опстојува на истата приказна.
Поентата не е зошто треба да постои Крстот на Водно, иако и за тоа беше побиен од IACOVIBUS, туку Вашата неодговорност кон граѓаните заради влијанието на медиумот (блогот).
Сепак, од мое лично име сакам да му се извинам на Вуна и на тебе за навредите, кои Ви беа упатени.
Во името на христијанската љубов, повикувам да „ги закопаме секирите“. Вие тргнете го банерот, а ние ќе градиме крстови во срцата!
Бог помеѓу нас!

ТРИБУН said...

Драги пријатели,
Ви благодарам за вклучувањето во контра-акцијата.
Целта ја постигнавме!
Покажавме дека потребна е одговорност и силна промисленост пред да се пишува за нешта, кои се толку силни, толку длабоки и кои носат силен енергетски потенцијал.
Сепак, треба да бидеме на висина на задачата.
Да не навредуваме и да не напаѓаме неаргументирано, бидејќи тој однос не е во духот на христијанската љубов и разбирање.
Да говориме со јазикот на фактите, а не со јазикот на навредата.
Да бидеме задоволни, што нашите блог пријатели сфатија каква грешка направија со вулагризацијата.
Не треба да им фаќаме зло за ставовите, туку за интерпретацијата и отсуството на одговорност.
Сепак, според текот на настаните, убеден сум дека пораката ја разбраа и дека во иднина ќе бидат далеку повнимателни.
Бог посреде нас.

Велес said...

Тежок кич и споменик на глупоста на едно време. Да се сруши.

Anonymous said...

Откако и ли~но разговарав со Анти, се уверив дека навистина му значи акцијата за отштрафување на крстот на Водно:-) Бидејќи веќе сме разговарале на оваа тема, Анти ти знаеш што мислам јас за верата и религијата, но аргуметните зошто треба да се отштрафи крстот на Водно држат вода и те подржувам. Добро, сега не баш сите аргументи, ама ајде нека биде, веќе ми е мака од пишување денес:-), а други кои добро те знаат ме советуваа да не паѓам на твои провокации:-) Поздрав

vinetu73 said...

Ивица АНТЕСКИ: новинар, поет, коментатор, рецензент [био]

Ивица - Абе запеј нешто... Пошо не му ја мислиш многу ко че пишуваш... Очигледно за новинар и колумнист не те бива...

Anonymous said...

Да беше крстов над Скопје изграден од "Краљ Александар" или било кој српски окупатор, тогаш типчињата како тебе би биле најголеми промотори на истиот. Да беше "грчки или влашки", истото би се случило, па вие, противниците на крстот ќе му се клањавте. Се' што не ви жини вам, е македонското, па така и "македонскиов" крст. Треба да покажете дека Македонците немаат култура, традиции, само српското и грчкото е убаво, префинето, должно за почит. Ама нит грците, нит твоите сакани срби, немаат такво нешто. Затоа јадосувајте се, затоа што крстот ќе го посетуваат туристи од сите страни на светов и со парите од посетителите ќе се изградат клинички центри по цела Македонија, па дури и во Конопиште. Makedonce

Anonymous said...

Многу е интересно што ова “Македончево“ пред мене само Грци и Срби споменува, Бугари демек се “н(в)ашите“ а? Интересен синдром е тоа што демек “македонскиве“ патриоти се само патриоти во однос на “србиштана“ и “грчиштана“, малку помалку за “шиптарине“, од страв нели, ама затоа братя Българи се супер, ич не тепаат Македонци и сите права ни ги признаваат, па може и со војски на воени гробишта да парадираат... Замислете како ќе реагираа продадениве душички бугарски (со тапија - односно пасош) да дојдеше српскиот премиер со српска гарда и почести на отворање на српски воени гробишта?
Се гледа дека ова делењево стипендии и пасоши полека има ефект.

Alagjozovski said...

Sosema se soglasuvam i te poddrzuvam.Barav da ti najdam greska vo argumentacijata, no nema. Cist si kriticki, a ideoloski da ne zborime. Edna zelezna greda jas kje simnam prudolu. Kje izgradime most kaj Krivi Dol, da ne mora vernicite da vrtat po onie opasni patista pod kaleto i kraj logorskiot(ili tajkunski) dzid na Stefan, za vo nedela na liturgija.

Anonymous said...

...535 г. н. е. (дооооолго пред да се појави комунизмот), Константинопол. Императорот Јустинијан доведе најдобри архитекти и 10 000 мајстори од целата империја да ја возобноват „големата црква“ изградена од првиот Христијански император, Константин. Резултатот беше најубавата и најголема дотогаш воопшто видена (а и денес) градба, посветена на бога и на неговото царство на земјата. Огледувајќи се на неа и другите народи почнаа да го превземаат изгледот на црквата која беше крстена по Божјата Мудрост-Аја Софија. 1000 години зрачеше со својата величенствена убавина и ја чуваше верата на православните. И во сите лоши момменти кои престоеја луѓето од неа црпеа надеж дека имаат сила да направат поголеми подвизи. Кога дојдоа муслиманите исто така се восхитија на нејзината убавина. Ја претворија во џамија, но не ги избришаа Христијанските обеќежја внатре во неа. Почнаа своите верски објекти да ги градат по урнекот на Света Софија.
Света Софија денес е музеј. Беше изградена како олицетворение на Црквата која луѓето ја беа изградиле во нив, а потоа ја пресликаа и на дело. Константинопол беше напаѓан од католици, православни, муслимани, пагани, варвари... Никој од нив не ни помисли да извади камен од неа а не па да ја урне (или од нејзините камења да изгради нова населба). Архитектот Синан (исламизиран христијанин), верник на Алах, ја зацврсти градбата која се распаѓаше. Ене ја и денес Аја Софија, како гордо се издига над Истанбул, гордост на неговите многунационални граѓани. За среќа во Турција нема многу генијалци на кои им паѓаат „револуционерни“ и „демократски“,„толерантни“ „напредни“ идеи.
За среќа во Македонија таквите личности (кои историјата ја учеле по комунистички терк-Најпрво беа диносаурусите, после дојде Тито и рече ќе биде Југославија и би...) се малцинство.
Да резимирам, , Крстот на Водно не провоцира никого кој е добар верник, било Исусов или Алахов, нити толерантен атеист. Секој се гордее со убавото дело кој некој го пресликал од себе. Јас сум Православен и се гордеам со убавите градби како Јаја-пашината џамија, Тетовското теќе и други, а кои не се од мојата вера. Иглавната Џамија која е во Кичево е поранешна црква (Св.Петка) па никогаш не ме испровоцирал тој факт. Не ми ни пречат оџите кога учат, нити било што друго кое е хуманистичко и во себе го има славењето на Бог и пораката на мир и толеранција. Најпрво се посветени на Бога и се изградени за Нему да му служат, слика на индивидуалната вера.

ПС-Ако Аја Софија падне (недај Боже) под налетот на некој земјотрес (Истанбул е трусно подрачје), глава давам дека Турците ќе јаобноват во стариот сјај карактеристичен за двете вери кои го втиснале во таа градба!
Луѓето кои заговараат „метало-преработувачки“ дејности, отсекогаш постоеле. Нивното најграндиозно материјализирано дело се „руските згради“ низ Карпош кои „бликаат“ од светлост и лепота. Се раѓаат, умираат и никому ништо.
А има и такви кои се раѓаат, зреат и градат нешта кои инспирираат и мотивираат генерации и генерации после нив! Името никогаш не им се заборава, по добро се помни!

PPS-Антески, кој си ти да кажуваш за нас Христијаните кога не си дел од нас? Деклариран атеист, комунист си? Како си зел за право? Што бафташ глупости, ова темава ти текна измеѓу 2 пиења на кафе? Генијално, такви сте вие Македонските новинари, последен бастион на глупавоста. Има толку теми за отварање, Антески запнал за Крстот! КОј ти дал за право на луѓето да им чепкаш во индивидуалноста? Тој Крст е дел од нас, ние сме го граделе. Неможам да ви го сватам филингот на толку гордо носење на духовната беда, па и јавно прикажување. Која единица мерка сте вие новинарчињата од југокомуњарски маштаб...
Или ова ви е уште една наредба за замајување на народецот од многу поважни теми. Личи на комуњар Антески, личи на тебе. Арно ама од ова подалеку не тераш/терате. Немате нити храброст нити сила.
На сите мои истомисленици им препорачувам да ги игнорираат овие „грандиозни мисли, ем идеи“
Поздрав, Кичевчанец (http://kicevo.blog.com.mk)

Anonymous said...

Убаво си се потрудил да елаборираш анонимусе, ама едно заборави да кажеш... Знаеш многу добро дека Турција е една од најсекуларните држави во светот, знаеш нели!!! Што би кажал за една ваква виртуелна држава, како оваа (срам ми е да кажам) нашава што јавно ги финансира проектите од религиско значење. Што е тоа!!??!! Десекуларизација во најгруб можен вид. И во образованието, ако се воведе веронаука, што следува, парите за образованието ги дава Владата, да не кажам државата, и што сега!!!??? Тоа не е десекуларизација?!!! Ќе ти дојдат неколку стотици попови (и тоа чесни, со телохранители и џипови) да им кажуваат, односно да им го мијат мозоков на овие чернобилски генерации дека тие се најчисти, пречисти и дека тие се нај, нај - „компанија“ во оваа држава. Бидејќи едноставно не ви е гајле дека на овој посран Балкан најчесто се водени братоубиствени војни само поради верски причини, дај да подигнеме уште илјдници крстови, џамии, синагоги, ма што сакате па конечно да направиме една масовна братоубиствена војна па да го снема овој џган од оваа планета. Ми се гади од националисти, наци-шовинисти, десничари, ултраверници, нивни статисти и слични исти. Идете у ПМ па да почнат луѓето да живеат достоинствено, без депонии од лажни морални вредности и ирационални вистини. Кога ќе дојде следната таква верско-националистичка војна (а овде идат на секои неколку години), дојди и елаборирај ми ја твојата правичност!!!

Велес said...

Не можам да верувам дека постојат пациенти како “Кичевчанец“ кој лафи за естетика споменувајќи ги „руските“ згради во Карпош а претходно си дозволи да ја спореди Аја Софија со оној срамен железен кич кран со рефлектори на кутрото Водно, замислтете која дрска споредба ееееј!!! Да не треба сега и „Војводата“ да го викаме Јустинијан :-))))

Anonymous said...

Ова демек „вернициве“ многу се гневни и нивните „чисти христијански“ срца се полни со омраза и фрустрации, таман за ККК и запалениот „крст“...

Anonymous said...

ЗНАЧИ ЧУДО Е ШТО СЕ ТРПИ ЗЕМЈАВА! Ц, Ц, Ц, ...

Anonymous said...

Хартијата трпи, се земјата под притискот, кога-тогаш, ќе се скрши...

Јовица said...

Го предизвикувам мојот пријател на јавен двобој! Доколку е сигурен дека атеистите се поинтелигентни од верниците, нека се согласи - јас и тој истовремено да направиме тест за интелигенција, па ако резултатот биде во негова полза, јас јавно ќе признаам дека бил во право, а ако резултатот биде во моја полза тогаш во следната своја колумна Ивица да им се извини на сите верници затоа што ги навредил со невистинито тврдење.
P. S. Се што е создадено има свој создател, секоја последица има причина.

.аНТИ said...

Јоце, ај прочитај го ова, погледни го клипот и размисли каде си згрешил.
(јас никаде не реков дека атеистите се поинтелигнетни од верниците, така што нема за што да се извинувам)

Anonymous said...

igorodematia@yahoo.com

Не ми е јасно сто сакас да постигнеш со навредата, но некати е простено за нешто што како атеист не го разбираш,а не бараш објаснување,а како и цела ни нација
која егото му е поголемо од се ,па мислиме дека се знаеме,а во обид за било каков дијалог,водиме дијалог на глуви.Македонската Православна Црква"нема никого запалено,прогонувано и во нејзино име убивано,или колено.
Но затоа во XVIII век Македоски црковни монаси го имаат прифатено начинот на монахот ,,Дамаскин",односно преведуваат црковни книги на локален македонски дијалект,онаму каде се наоѓаат.
Ако ништо друго бар да им одадеме почит ним кои како црковни лица се првите кои почнале да го будат овој народ преку писменоста,па макар и црковна,инаку ти денес ке пишуваше сигурно на грчка азбука,или на латинската.
Модерни црковни ,,Фундаменталисти"
не постојат,тоа се личности кои се кријат позади религијата, идентификувај ги,срамота е да генерализираш,сите верници да не правиш екстремисти,фундаменталисти.
А каде бефте да протестирате против ДПМНЕ кога го поставуваа крстот на водно,оти тогаш само мала група верници протестираа,игнорирани од медиумите оти беа шака луѓе,неважни,а сега одеднаш стана иницијатор за отшрафубање?
А и која тоа нација прво градела нешто па по некое време си уништувало се што ке изгради монументално,оти не е модерно во моментот,многу ме интересира.

fio said...

Bravo, konecno nekoj da misli so svoja glava. Akcijata e prekrasna i treba da bide podrzana. Da se dade pari za izgradba na takov krst, e isto ko da se frlat pari u WC.

Ecconomist said...

Ovoj Tekst e preveden i na albanski od Hamdi Nuhiju...Qe go najdesh na www.drejtesia.blogspot.com

Elena said...

Се согласувам со Ивица!

Anonymous said...

јОВИЦА сигурно на плажа се шета со златен крст и енциклопедија под рака - за да докаже колку интелигентен верник е.

Perica said...

АЛО, igorodematia@yahoo.com (бидејќи си анонимус-[а верувам таков и ќе останеш]), велиш дека треба да ги почитуваме "црковните лица" бидејќи ни го описменувале народов. КОИ црковни лица бе, сељак еден. Тие дури не биле ни верници (читај малку повеќе не-вмровска литература, немој паушално да изнесуваш "вистини") Ако навредуваш преку финти во твоите постови, не значи дека ќе ти веруваат.
Зошто не ги почитуваш луѓето кои НА ДЕЛО ја изградиле оваа држава и нација (од '43 до'90), а што се однесува до протестите против ДПМНЕ (срам ти е да кажеш и ВМРО), да знаев дека навистина ќе да ја изградат оваа идиотска сподоба на Водно (со пари од нас - граѓаните), со базука ќе излезев на протест.
УМРИ СО КРСТОТ В Г'З сељачиште фашистичко!!!

Tome said...

Браво.
Каква иницијатива.
Невидено нечуено. ПА ти мора да си најпаметниот во државата. МА на планетава. Па ти си Бог лично.

Тоа е друже комуњаре идеологијата твоја. Да се уништи се што не е петокрака ил ружа. Сите да се убијат и тргнат само бране твој севишен нашмркан да остане. Сите нек умрат и цркнат, само да си ти среќен.

Кога се збори за црни дупки во универзумот, треба да те спомнат и тебе. Едноставно како црна дупка на интелектот. Се што е интелект, па каква форма и да имал, ти си сушта спротивност. Ти си антиматерија. Ни нула не си.

Ма ти си бре еден склоп на скапано труло месо, кое треба да се растури и подели на кучињата (слично ко што предлагаш за крстот, бидејќи ете им сметал на некои идиоти) Па ете и ти сметаш на повеќето во државата. Дај да те расчеречиме и да поделиме на животните во зоолошка. Ама и таму не е толку лошо, не верувам дека би те помирисале дури. Смрдиш на труло, на сулфур.

Тоа е. Земјотреси после имало .. е ќе има ... земјата пука од мака ко ја газат вакви креатури ко тебе.

Anonymous said...

Томе... гомнару еден бугарашки...

Tome said...

Бугараш?
Каде виде бугарашење?
Какви имбецили. Како ве трпи земјава, каква штета за воздухот што го трошите.

proximus said...

mnogu se nerviram koga ke go narecat krstot provokacija za muslimanite... do dusa ne sum slusanl nekoj od niv da go kaze toa, tuka samo nekoi ANTIhristi, stari komunisti itd.itd
i za kakva provokacija zboris kogA klucno nesto za sozivot e tolerancijata, mene voopsto nema da mi preci ako na nekoe drugo ridce se izgrAdi muslimanski simbol(nemam pojma sto bi mozela da bide) i namesto da bidete destuktivni podignete akcija koja ke predizvika obratna reakcija:)
i ajde ne seri krstot ti ja kontaminiral gledkata na vodno, daj spusti glavata podolu razgledaj okolu... i btw denes sme 8.dec. 2007... povtoruvam 2007
fala mu na boga komunizmot odamna go nema...

Македдон said...

Ве молам не се оптоварувајте. Свети Паисиј Светогорец вели: На гневен човек не може со збор да му помогнеш, само помоли се за него и по малку ќе се смири. Христос го распнаа, па не да го хулат и Крстот. Отсекогаш бил и ќе биде камен на сопнување. Ми се повраќа од комуњаров краткоумен и кратковид. Нема на светов диоптер кој ќе му помогне да ја види Небесата, освен Оној Кој Самиот е Небеса.

Македдон said...

А да ти ги побивам безвезните причини, сега немам време. Со човек еретик, не се дружете...

Роберто Беличанец said...

Ако макар и еден денар од парите за улично светло што ги плаќам се користат за осветлување на монструмот на Водно, ако макар и една сијалица на него свети со платена со мои пари барам таа да се отшрафи.

Иначе што мислам за него еве:„Крстот на Водно е порака и медиум во исто време. Деновиве забрзано се еректира и со ова темпо, на денот на изборите ќе биде завршен. Како специфичен вид на предизборна комуникација заслужува да му се обрне поголемо внимание. Јас сум атеист. И токму затоа си давам право да ја толкувам пораката што преку крстот им се упатува на нехристијаните, а таа е јасна - МАРШ НАЗАД ВО СТАДОТО БОЖЈЕ ИЛИ МАРШ НАДВОР. Крстот на Водно порачува - гледајте ја силата што ја имаме и гледајте колку малку ни е гајле како се чувствувате. Оваа земја е христијанска... итн. Пораката е ИЛИ-ИЛИ. Магот на научната фантастика Френк Херберт во своето мајсторско дело "Дина" вели дека таму каде што власта и религијата јаваат во иста кочија фанатизмот е неизбежен.“ Објавено во Дневник - 2004 година.
Отшрафете го!!!!

satanist said...

In nomine dei nostri Satanas, Luciferi excelsi! Ne mu se klanjajte na boga, tuku na presvetliot Lucifer. Od nego zavisi se' na svetot. Se nadevam deka Satanata ne' cita i kje ni' pomogne da go srusime krstot, simbolot na antisatanizmot.

Vasil said...

ovoj e sigurno satanist.mrsh u picku mater vampiriste.pa ti si be potpolno lud.mozes slobodno da zemes strafciger, odi na vodno ,probaj da otstrafuvas i posle ke dojdam u gz da ti go napikam strafcigerot.
neznam sto drugo da kazam ali narodov poludel

Александар said...

Broken link:
(кои забораваат дека во Скопје не живеат стари скопјани туку современи луѓе).

Инаку поддршка за кампањава.

крстот said...

отштрафи си ја глаата новинарска

Anonymous said...

Поддршка за кампањава. Нека се отштрафи и нека им се пикнат у г;з сите штрафчиња од крстот-сподоба на дечките од милиот ни вМРО кои освен популизам и "христијански вредности" не знаат за друго


био контакт