Програмата, идеологијата и визијата на политичарите (содржината) е се помалку важна. Имиџот, вербалните вештини, скапите рекламни кампањи и вештите ПР стратегии (формата) се клучни.
Триесетте отсто рејтинг на премиерот Никола Груевски се трн во очите на опозицијата. Она што најмногу им пречи не е самиот факт што рејтингот на лидерот на нивниот традиционален опонент ВМРО-ДПМНЕ и неговата влада, туку фактот што тој рејтинг не соодветствува со реалните состојби. Факт е дека оваа влада работи енергично, но нејзиниот рејтинг ни оддалеку не е одраз на резултатите од нејзината работа.
Па, како тогаш Груевски успева да си набилда рејтинг? Онака како што прави секој “поштен” играч во капиталистички поставено општество – со ПР (ПР – доаѓа од англиското “public relations”, во превод – односи со јавноста). Постоењето на рекламната индустријата и нејзините заработки се најдобар доказ за тврдењето кое толку пати сум го изнесувал и за кое ми се спротивставиле многу коментатори – капитализмот е систем направен за измамниците. Зошто? Да одиме со ред. Пиар и рекламната индустрија сама по себе не е зло и не е се во неа зло. Да набројам најпрвин неколку аргументи на оние кои ја бранат или го сметаат за оправдано постоењето на рекламната и ПР индустријата.
Придонесува за подобро разбирање - светот на комуникациите е ужасно брз. Информациите се пренесуваат кусо. Читателот нема време да се задржува долго покрај некое соопштение. Затоа ако сакаш да кажеш нешто, кажи го тоа брзо, кусо и прецизно. Таквото пренесување пораки е уметност и позитивно е што со тоа се занимаваат професионалци.
Информацијата ја прави препознатлива – во информативниот Вавилон во кој живееме на сите страни фрчат пораки. Во тој хаос се губи идентитетот на праќачот на пораката, а со тоа се губи и значителен дел од нејзината содржина (ако ја има, а ќе видиме дека најчесто ја нема). Работата на професионалците со ваквите пораки го подобрува врзувањето на идентитетот на праќачот со стилот и содржината на пораката.
Ја подобрува информираноста на јавноста – ова е аргумент кој ќе го чуете многу често за рекламите и за ПР соопштенијата. Напротив. Рекламите и ПР соопштенијата ниту биле ниту некогаш ќе бидат информативни – тие под дифолт се манипулативни.
Што е тоа што ги прави такви? Одговорот на ова прашање ги отвора клучните негативности што ги носи со себе рекламната и ПР индустријата.
Создава лажна слика – целта на ПР индустријата е да го подобри имиџот, односно, од онаа содржина која е понудена да извлече најмногу. Со претерувања, а често и со чисти измислици (“нашата паста за заби ја препорачуваат врните стоматолози”) се прави манипулација на реципиентот. Се менува неговата перцепција во посакуваната насока. Тоа е еден од клучните елементи на дехуманизацијата на потрошувачките општества.
Во политиката, пак, ПР индустријата прави уште поголемо зло. Тотална девастација. Најавите за смрт на идеологиите во голема мерка се резултат на влегувањето на ПР методите во политичкото делување. Програмата, идеологијата и визијата на политичарите (содржината) е се помалку важна. Имиџот, вербалните вештини, скапите рекламни кампањи и вештите ПР стратегии (формата) се клучни. Не е чудно во такви односи, за политичари од различни провиниенции и со спротивни програми, да работат истите ПР стратези. Манипулацијата на јавноста се прави на ист начин, независно поради кои причини и за која кауза.
Создава дополнителни трошоци – СДСМ очи ни извади со аргументот колку тоа владата трошела јавни пари за реклами и ПР кампања, ама јавноста нека не заборава дека сите партии, па и СДСМ, трошат огромни суми за нивните изборни кампањи. Тоа буквално фрлени пари. Општествената корисност е никаква.
ПР индустријата создава коруптивни односи – видел ли некој како изгледаат клипинзите што на своите клиенти им ги изработуваат ПР агенциите? Во моментов ми текнува најмалку две казниви дела во нивната содржина.
Прво, неовластена дистрибуција, таканаречено пиратирање на содржините од дневниот печат. Тоа што ПР агенциите јавно ги нудат своите услуги кои вклучуваат и дистрибуција на дел од содржините на печатот, ги прави пирати. Имено, тие во материјалите што им ги дистрибуираат на клиентите прават избор текстови од весниците, каде што се споменува нивното име.
Второ, во тие материјали им се доставуваат и списоци со имиња на новинарите што пишувале за нив, со статистика колку позитивни, колку негативни и колку неутрални текстови напишале за нив. Зошто им е таа статистика? Многу ме интересира што прават компаниите ако некој новинар има претежно негативни написи за нив. Го корумпираат? Му се закануваат?
Сето ова укажува дека индустријата на односите со јавноста и рекламната индустрија се проблематични како концепти. За жал во општество со проблематични естетски и етички преференци она што е проблематично изгледа нормално. И обратно, она што е нормално изгледа проблематично.
Корупција, измама, злоупотреба и криење на информации, доведување во заблуда, во суштина казниви нешта според повеќето закони во цивилизирани држави, во случајов се наградени со високи профити за агенциите и незаслужено висок рејтинг за клиентите.
12 септември 2007
Уметноста на заведувањето
Posted by
.аНТИ
at
среда, септември 12, 2007
Labels: капитализам, колумна, новинарство, општество, политика
Subscribe to:
Post Comments (Atom)



9 comments:
Iako sum levicar, ne se slagam so tvojot stav za kapitalizmot. No restoto od tekstot ti e super. Uzivav dodeka go citav. Sekoja cest!
Абе пр фирмите постостојат за да не си ги прљаат рацете политичарите директно. Тие се само посредници :), маска.
Фактот дека ПР и реклама ставаш во иста реченица укажува дека благе везе немаш за што зборуваш.
Направи каша попара од опишување на маркетинг, односи со јавност (public relations), осврт на јавни односи (Public affairs), реклама а богами и пропаганда. Очигледно во МКД се' уште термините не ги разбираме за да знаеме да разграничиме што е што.
Текстот ти е бетер од пропаганда. Пола од тоа кое го прешишуваш на ПР не е ПР ниту се практикува во светот на ПР. Имаш делчиња маркетинг, делчиња лобирање, делчиња реклама...а само терминот ПР ти е уствари дел од ПР (добро сеа имаш две три работи кои може да се аплицираат, ама ми стојат дека случајно ти се сместиле у текстот).
Се обидуваш да аплицираш одредени феномени и ги вртиш во корист на својот став, кој во реалноста и ПР теоријата се еони далеку од тоа.
Ама не си ти крив. Од каде ќе знаеш кога квази маркетинг агенти се нарекуваат ПР агенции во МКД, кога истражувачи со дипломи не ја знаат разликата помеѓу фокус група и анкета, кога агенции за реклама се нарекуваат ПР а тоа им е дозволено - ам да не прочитал некој случајно нешто за тоа? Гледај ТВ, слушај го комшијата како го фали Гвујо за „добар ПР“ и повтарај како папагал. А да чепнеш и видиш што тоа значи... не смееш никако - зошто да се двоиш од усвитената толпа кога ваќа имаш повеќе ќар. Като прав револуционер против трулиот капитализам... иако ни К не сме ја поминале во разбирање на нивните практики.
Не знам зошто толку му пречи на претходниов анонимен коментатор што се спомнува ПР и реклама во иста реченица. Да, во теоријата сите споменати термини различно се дефинираат, а во нормални држави и различно се практикуваат. Но, во случајот со владата на Грујо, не само што нема разграничување, туку она што би требало да се ,,односи со јавноста,, скоро целосно е заменето со реклама. Односите со јавност подразбираат двонасочна комуникација, барем така велат модерните дефиниции на ПР-от. Проблемот со Груевски и со тие околу него е што целата стратегија им е офанзивна,пораките во јавност се пласираат од еден центар,а секој обид за реплицирање го толкуваат како напад.И затоа од нивна страна нема да видиме ,,отчетност,,и вистинска комуникација со јавноста,затоа ќе се изнагледаме реклами и затоа премиерот ќе се појавува само на наместени интервјуа (го видел ли некој Груевски како дава нормално интервју, или како се соочува со некого на дуел...).Сето тоа очигледно проаѓа и како и да е,морам да признам дека успешно му го прикриваат недостигот на талент.И на крај,а поради сето тоа што споменав,мислам дека апсолутно е глупаво да се инсистира на чисти дефиниции, затоа што во реалноста тие се сосема поврзани,испреплетени и често имаат слични функции. Она што е реален проблем е политичката и медиумската култура или едуцираност на граѓаните, односно колку ние сме способни да разграничиме транспарентност од пропаганда или односи со јавност од манипулација.
лина,
На анонимусот немањето поима за што термините претполагаат му пречи затоа што ако ти не примети, анти овде дава одговори на некои принципи и тактики кои владата и политичарите наводно ги користат! теоретски и аналитички тешки грешки во чекори. Не може да се прави анализа на ПР и што е ПР засновано на постапките на Грујо. тоа сакаше анонимусот да каже. Грујо и компанија благе везе немаат за ниеден дел од таа практика - тоа не значи дека анти треба да е лаик истовремено, ако веќе фатил да анализира. Испреплетени да, ама од ПР до маркетинг до аферс има и те каква разлика и во теорија и во пракса. Целите се различни!
Ало. Ниту имав намера, ниту ги анализирав чекорите на Груевски и рекламите што си ги прави. Тој ми послужи само како повод.
Овде само ја критикував целата ПР и рекламна индустрија. Верувам дека некои од моите коментатори знаат повеќе за разликата меѓу ПР и реклама од мене, ама токму тоа што учеле во школо за тоа ги направило неспособни да сфатат дека во суштина сета таа машинерија служи за продавање муда за бубрези. Во превод - создавање имиџ, пакување - нешто што ма за цел на таргет групата да и создаде некаква перцепција (нормално онаква каква што клиентот сака). За да го сфатиш тоа не ти требаат скапи школи со звучни имиња и со странски професори - тоа се сфаќа и со здраворазумско размислување. Не сме идиоти да не видиме самите.
Овде само ја критикував целата ПР и рекламна индустрија.
Виде Лина?
Анти, за да можеш здраво и правилно да анализираш, не ти требаат дипломи да, меѓутоа и за да бидеш слеп на нив, не ти треба диплома, ти треба само игноратно „пред-убедување.
За да зборуваш за нешто, треба да знаеш за што зборуваш - инаку резултато е каша попара како твојата, не умеејќи да се направи разлика, затоа што се нема основа. И цела нација убедена дека Грујо е добар ПР манипулант. да се смее или плаче човек.
А за да се направи разликата, и се разбере како што е, не се потребни дипломи од скапи универзитети, потребно е немање едностраност во пристапот. ПР индустријата има и етички правила, и не секогаш се клиенти во прашање, и не секогаш се клиентите оние кои го берат плодот на дадени кампањи. Но за да си во можност да го увидиш тоа, треба а) да си отворен пред можноста, б) да погледнеш малку поддалеку од тотално неписмените, неинформирани, половични „кампањи“ во МКД кои гледам ти служат како репер!
Реклама/маркетинг и ПР се три тотално различни работи и теоретски и практично. Целната група, тактиките и целите се тотално различни. Тоа што понекогаш се надополнуваат не ги прави „испреплетени“ како што рече Лина. Второ, има разлика помеѓу ПР во политика, ПР за невладин сектор и ПР за производни-профит ориентирани сектори. А ти се' на куп. Па и хипотетички да е индустријата онаква каква што ја опишуваш, со вакви лаички и половични анализи против неа?
Тие „учените“ кои ја водат, може само да ти се насмеат.
Прости што не можам да го отпишам тоа на нечија „идиоштина“ и преќутам - премногу платив за „факултетот со звучно име“ :)
Анонимус
фала што кажа дека си го платил/а скапо факултетот. Тоа многу кажува. Прими сочувство.
Во целиов твој коментар не видов ниту еден аргумент против тоа дека ПРот, маркетингот, адвертајзингот, рекламите... се дехуманизирачки и измамнички. Дека всушност манипулираат со целната група. Извини, ама да земаш пари за да им брцаш во главата на луѓето и да ги доведеш во заблуда е за секаква осуда.
Тоа е поентата на постов, а не тоа што тебе не ти се свиѓа како работеле овде, дека не ги спроведувале правилно оние нешта што се учеле во школо за ПР, маркетинг, реклами...
И да, ги ставам на куп, пошто сите се занимаваат со една работа - манипулација. Можеби им се разликуваат методите, ама исто смрдат.
и да
еве нов пост на темава, посебно за оние кои мислат дека ако тропнале многу пари за некој факултет (повторно прими сочувство) дека многу знаат
кликни на линков
Лицето ПР да се осуди и да се затвори
Post a Comment