12 декември 2008

Неколку приоди кон разбирањето на декемвриската народна побуна во Грција

Одговорност на секој прогресивен ум е да застане на страната на прогресот, да се солидаризира и колку што може да ги поддржи сите прогресивни движења. Оваа одговорност е наднационална и безгранична.

(Имајќи ги предвид скудните информации за грчкото општество кои ги поседувам, оваа анализа треба да се земе условно)


1. "Револуцијата е нужна не само затоа што класата која владее не може да се собори на кој и да било друг начин, туку и затоа што класата која соборува само во револуција може да дојде до тоа да ја симне од себеси старата извалканост и да се оспособи за создавање на нови основи на општеството" - Маркс

2. Како да се пристапи кон сфаќањето на немирите што ја зафатија Грција? Како да се нарече серијата настани и инциденти: немири, протести, бунт, востание, револуција?

Прво, за да се одговорат овие прашања, мора да ни биде јасно кој е носител на бунтот и кој е непријател на тој бунт. Мора да ни биде јасно кој стои на двете страни на барикадите. Она што е недвосмислено е дека на едната страна стои полицијата, како најрепресивен претставник на државниот апарат. Државата, пак, преку своите инструменти се поставува меѓу владејачката класа, буржоазијата, и останатите членови на општеството кои сакаат да си ја повратат изгубената слобода.
Она што на многумина во моменов им е нејасно е тоа кој стои на другата страна. Одговорот е јасен: тоа се оние кои државата ја чувствуваат како туѓа, непријателска, сила, како нешто надвор од нив самите, како заштитник на класата која ја предизвикува нивната беда. Тоа е прогресивната младина. Тоа е пролетеријатот.

Второ, предвид мора да се има дека серијата протести, штрајкови, судири со полицијата, не беа спонтани. Зад голем дел од нив стоеја организации или мрежи од организации кои подолго време работат на подигање на борбеноста и заострување на конфликтот помеѓу класите, односно помеѓу пролетеријатот и прогресивната младина, од една, и државните институции од друга страна.

Трето, до овој момент нема единствена организација или координативен орган кој би го презел водството на масите и кој би ги повел во осмислена радикална промена на општествените односи, почнувајќи од рушењето на институциите како инструменти и симболи на стариот систем. Се додека не се појави едно такво тело што би можело да ги истакне и формулира клучните барања на масите немирите не може да се сметаат за револуција.

3. Многумина ги плаши можноста од ескалација на насилствата. Стравот е оправдан, но одговорноста за тоа лежи во рацете на државата, затоа што државата ги има најнасилните средства и најобучените луѓе што го користат насилството како метод за решавање на кризите. Впрочем, единствената жртва што падна досега, падна од рацете на полицијата. Од другата страна имаме луѓе кои се голораки и релативно необучени да употребуваат насилни методи.

4. Во недостаток подлабоки информации за балансот на силите и политичките позиции во моментов е невозможно да се прогнозира конечниот исход.

5. Она што е сигурно е дека по декември, ништо повеќе нема да биде исто за грчкото општество. На површина испливаа повеќе работи.

Прво, очигледно е дека буржоазијата не успеала да изгради доволно моќни механизми кои ќе го канализираат народното незадоволство. Според некои анализи грчкото општество се уште не доживеало позначајна промена по диктатурата на Метаксас. Овој народен бунт може да биде катарзичниот момент на прочиствуање.

Второ, пролетерската авангарда и прогресивните сили успеале да го наметнат категоричкиот императив: „да се срушат сите односи во кои човекот е понижено, угнетено, напуштено, презрено битие“ пред се меѓу студентската младина и пролетеријатот, што државата, онаква каква што беше досега е веќе неодржив концепт.

6. Она на што во моментов треба да се обрне внимание е улогата што македонскиот пролетеријат би можело и би требало да ја одигра во моментов.

Прво, одговорност на секој прогресивен ум е да застане на страната на прогресот, да се солидаризира и колку што може да ги поддржи сите прогресивни движења. Оваа одговорност е наднационална и безгранична. Тоа значи дека пролетерот или прогресивниот човек во Македонија има одговорност за состојбата во Грција и обратно. Солидарноста е клучниот метод на дејствување во таа насока.

Второ, таа солидарност може да се реализира на повеќе начини - од симболични: преку пишување писма на поддршка и организирање собири на солидарноста, до активно учество: на пример, блокирање на секаква поддршка од македонска страна на владата во Атина, или, пак, во едно радикално сценарио, доколку дојде до странска интервенција, недозволување на странски трупи да поминат преку македонска територија со блокирање на магистралите и граничните премини.

Во секој случај, пролетеријатот и прогресивната младина во Македонија траба да бидат свесни за својата улога и своето место во настаните, независно од степенот на организираност.

2 comments:

БГ said...

Анти, сериозно ли пишеш всичко това? Не е ли ясно, че това са дивашки акции на лумпени малоумници, които не уважават елементарни правила за живот в обществото!
Анти, искаш да вкараш политически смисъл на чисто криминални действия, а и защо извади от нафталина тази остаряла комунистическа терминология с която си служиш? Левите движения в Европа отдавна са далече от революции и комунизъм изобщо.

Anonymous said...

Добро друже едно само немие јасно, дали ти за цело време шо живееш овде, несвати дека во македонија нее возможна ни културна, револуциа а не па вистинска револуција или во нај мала рака како што рече подршка со протести и блокирање тоа нема да се случи и да ни биде јасно,колку и да несакаме да признаеме,грчките студенти се многу попрогресивни во таа смисла , сакам да кажам самово опшесто овде е на тоа ниво од пред 5оо години незнам за тебе ( иначе генерација сме) каде ти овде си сретнал студентско организирање, мислам освен студентскине избори каде го гледавме сегашниов министер, за нработи како плаче на тв , другар и студентиве овде нисе исполитизирани млитави неодлучни и неспособни за способна иницјатива да се покрене нешто и промени туку едноставно се зомбифицираа и чекаат команда од друг,, не размислуваат со своја глава се секавам на филипче кога правеше протест пред собрание и сакаш да кажеш дека некој таков овде независен од било која партија би станал против владата ма дај кога знаеме дека нашиве студенти за жал прават се по директива од партија