13 јануари 2009

Палестина се уште на дневен ред - филм и дебата во Точка, среда 18 часто

Утревечер (среда 14 јануари) во културниот центар Точка ќе се одржи проекција на филм и отворена трибина за израелската инвазија на појасот Газа.

Ќе се прикаже документарецот „Палестина сè уште е актуелна“ (“Palestine is Still the Issue”) од 2002 година снимен во Израел и палестинските територии. Филмот се занимава со судбината на Палестинците на Западниот Брег и Појасот Газа во услови на повеќедецениска израелска окупација и изобилува со сведоштва кои од повеќе аспекти го прикажуваат секојдневието на Палестинците на териториите под израелска окупација.

По проекцијата за моменталната ситуација и за палестинското прашање воопшто ќе зборуваат повеќе поединци и претставници на организации меѓу кои Мировна акција, Визиони М и Движењето за социјална правда Ленка.

Сите сте поканети на филм и дебата за беспари.

Ако сакаш да се спремиш кликни на некој од дват алинка овде:

1 comments:

Anonymous said...

Латвиа:
http://www.youtube.com/watch?v=0NcBu9-PhVg

Бугарија:
http://www.youtube.com/watch?v=RPFGh8PfK_E