16 октомври 2009

Повик! Во вторник - студентите креваат востание!

На 20.10.2009 (Вторник) на повеќе локации низ Скопје, ќе се одржи генерален студентски протест во организација на автономното студентско движење "Слободен Индекс". Протестот се одржува ден пред изборите за претседател на нелигитимниот "Студентскиот Парламент на УКИМ", организиција со сомнителен интегритет и минато, која воопшто не ги претставува студентите кои наводно ги претставува.
Главните барања на протестот се:

- Поголем буџет за високото образование (ваучери за апсолвентите, стипендии за пост-дипломците, бесплатни учебници, укинување на партиципацијата, студентски бенефиции, подобри услови во студентските домови...)
- Нов закон за студентско организирање

11:00 Почеток на протестот во сите факултети
13:00 Протест пред Владата на Република Македонија
14:00 – 16:30 Протестна поворка низ центарот на Скопје, пред седиштето на студентскиот парламент на УКИМ, Министерството за образование и наука и Министерството за информатичко општество.

"Слободен Индекс" е неформална, политички и финансиски автономна група на студенти од државните универзитети чија цел е промоција и унапредување на студентските стандарди во Македонија.

Настанот е поддржан од голем број на формални и неформални студентски организации и движења во Македонија, а доби и солидарна поддршка од нашите колеги (слични движења) во странство.

(текст на соопштението до јавноста што денес го упати „Слободен индекс“)

PS. Борис, риспекат за спотчево!

0 comments: