Секоја жена
си има најчесто сонуван маж.
И тоа не е најсаканиот,
не е тој за кој си венчана,
ниту оној кој те измамил.
Друг е.
Те начекува да влезе
во космичките маглишта на изборот,
во подземјата на неосознаеното,
во женското ненаситно: ела!
Разбивач на сефови
што ти го открил вешто
кодот на желбите.
Терорист -
што незнајно како да ти го кренал сонот во воздух
со својата машка дрскост.
Не ти иде во мракот на бессониците,
туку во блесокот на соништата.
За да се разбудиш
стресната,
ушлашена,
омаена
пред дувлото на слатката тајна,
што е само твоја.
И никогаш - негова.Лилјана Стефанова
31 октомври 2009
најсонуваниот
Posted by
.аНТИ
at
сабота, октомври 31, 2009
Labels: поезија
Subscribe to:
Post Comments (Atom)



4 comments:
Која е Лилјана Стефанова?
quizats haderah?
Лилјана Стефанова е бугарска поетеса (за жал ниту на Википедија, а ниту на google, нема многу за неа, па не можам да линкам). Јас не знам која е, само ми се допадна песнава.
Колку за инфо, еве од малку од нејзината биографија како што е пишана во книгата од каде што е преземена песнава (со некои мои корекции) - книгате се вика „Современи бугарски поети“, Скопје, Култура/Македонски ПЕН, 1998.
Лилјана Стефанова (1929, Софија) е авторка на повеќе од 40 книги поезија, документарна проза, есеистика. Била уредник на неколку литературни списанија, а вршела функци и во минситерството за култура, друштвото на писатели и бугарскиот ПЕН. Учествувала и на Струшките вечери на поезијата.
фала на информациите... инаку се согласувам со констатацијата (која ја прочитав некаде на блогов) дека кога Анти би пишувал и постирал повеќе поезија, светот би бил поубав... имаше и такви времиња...
Post a Comment