06 ноември 2009

прекумерна песна

имам прекумерни очи прекумерни
движења и прекумерни
мисли прекумерно сонувам
и моите соништа прекумерно
се остваруваат

ти си ми прекумерно далечна
и јас прекумерно
се прашувам што можам
да сторам околу тоа
овде е прекумерно тивко
и тоа прекумерно ме
загрижува

впрочем без мерка
пропаѓам без тежина
без должина без брзина
без температура без
волумен без фреквенција
без атомска маса без агол
без светлосен флукс без магнетно
поле целиот прекумерен

веќе ја изгубив мерката
и не знам што може да се мери
а што останува прекумерно
над секоја помисла за мерливост

0 comments: