04 December 2018
... непотизам и корупција
Ако размислиш подобро скоро сите проблеми што ги има во државава може да се сведат на непотизам и корупција. Загадувањето, лошата економска состојба, прислушкувањето, национализмот... сите тие постојат поради нефункционирање на институциите кои се задолжени да ги решаваат овие проблеми... а институциите не функционираат добро поради тоа што некој не сака да функционираат - а тој некој има финансиска или друга корист од тоа.
12 April 2018
Ана
Тогаш ги чешлаше косите и којзнае за кого
што за три оки брашно клечеше пред нозете
имеш и земја и везени чорапи и широки рамења,
дојден пред твојата кошара што се распаѓа
не за твоето здравје, не за твоите широки рамења,
дојдена по три оки брашно, за обичен леб, Ана.
мислеше
додека ја гледаше бледата сенка на мајка мишто за три оки брашно клечеше пред нозете
на твојот татко.
Јужните ветрови донесоа пролетни води и за нас,
Ана
ние го знаеме твоето име и се заљубуваме оти тиимеш и земја и везени чорапи и широки рамења,
Ана
којзнае на кого мислеше додека ги чешлаше
косите.
Ќе ја доживеам уште оваа пролет со топол здивдојден пред твојата кошара што се распаѓа
на ветрови
и ќе се молам на земјата како на голема иконане за твоето здравје, не за твоите широки рамења,
Ана
овој ден ќе го запишам со името на сите гладни
луѓе
и ќе те отерам преку три зашумени планини,
Ана
да ти биде проклето името запишано со три
обични букви
пред кои се нишаше бледата сенка на мајка мидојдена по три оки брашно, за обичен леб, Ана.
Јован Котески
10 April 2018
Работа ни е да се вљубиме во светот
Некаде во 2006 објавив пост со цитати од Џејмс Хилман, кој тогаш го сметаа за најголем жив психоаналитичар.
Не успеав да го видам интервјуто, но денес (по 12 години) сум среќен што има и други начини да се допре до неговите мисли.
Од 2011 веќе го немаме Хилман, но неговите идеи и размисли остануваат - некои, поактуелни од било кога. Еве неколку извадоци од ова интервју (на крајот од постов е видеото каде што можеш да го изгледаш во целост):
За љубовта кон светот во кој живееме
(.аНТИблог) 26.04.2006 - „Живееме во се погрди градови, работиме во бучни канцеларии, опкружени сме со грд мебел и се залажуваме дека низ сиот тој хаос можме да поминеме неоштетени!“Поради тој пост, една пријателка која планираше да го интервјуира за Теа Модерна ми се обрати мислејќи дека имам негова книга... за жал, не можев да ѝ помогнам.
Не успеав да го видам интервјуто, но денес (по 12 години) сум среќен што има и други начини да се допре до неговите мисли.
Од 2011 веќе го немаме Хилман, но неговите идеи и размисли остануваат - некои, поактуелни од било кога. Еве неколку извадоци од ова интервју (на крајот од постов е видеото каде што можеш да го изгледаш во целост):
За љубовта кон светот во кој живееме
Она што би требало да нѐ тера да не уништиме нешто е нашето чувство на почит кон убавината. Што правиш со нешто што е убаво? Се вљубуваш во него. Тогаш кога ќе се вљубиш во светот, ти ќе сакаш да го задржиш.За местото на човекот во светот
(...)
Грците сметаа дека зборот Космос во суштина е естетски термин. Тој значеше ред, убавина, внимателнот, обзирност; и беше поблизок до зборот „козметика“ отколку до „космонаут“; тој во грчкиот свет значеше обожување.
(...)
Тогаш кога повторно ќе го разбудиме нашето естетско чувство, кога ќе го надминеме де-естетизирањето што ни е наметнато од работи што не дефокусираат, ќе можеме да ја видиме и да ја почитуваме убавината во светот. Тогаш кога ќе ја видиме убавината, тогаш ќе се вљубиме во неа.
(...)
Да го сакаш светот не е христијанскиот морализам каде што мораш да го сакаш; а не е ни економската идеја за одржливост каде што ако го сакаш ќе живееш подолго. Мора да биде нешто многу посуштинско. Нешто што го допира срцето: а го допира срцето ако сфатиш дека наша работа на овој свет е да се вљубиме во него. Ние може да се вљубиме во него само ако сме естетски живи во него.
Ние си ги затапуваме сетилата од утро до вечер. Со бука, со гласна музика, со светло навечер поради што никогаш не го гледаме ноќното небо. Понекогаш ќе се напиеме чаша студена вода пред јадење со што ги затапуваме сетилата во устата и не можеме да ја вкусиме и мирисаме храната. Ние сме под анестезија.За потрошувачкото општество
(...)
Никој не ја цени убавината. Ние повеќе не сме почитувачи. Нашата дефиниција на човекот сега е homo sapiens, човек кој размислува, или homo faber, човек кој изработува нешта. Јас мислам дека смислата е да бидеме homo aestheticus. Ние сме на овој свет за да го цениме, тоа е сѐ. Не мора да правиме нешто со него - доволно е да го цениме. А кога правиме нешто со него, тоа би требало да додаде на неговата убавина.
Ако не ја чувствуваме убавината на светот, тогаш ние бараме замена. Ерик Хофер вели „никогаш не можеш да имаш доволно од она што вистински не ти е потребно“. Во брканица сме. Купуваме нешта. Ни требаат нешта. Постојано нешто бараме. Терапевти, љубов, врски, одмори... Нешта за кои рекламите велат дека ги заслужуваме, а ги заслужуваме зашто сме мизерни.За надежта како зло
(...)
Она што го изгубивме е чувството за убавината на светот. Се обидуваме тоа да го замениме со обиди да го освоиме, да го имаме, да го поседуваме светот.
Во пандорината кутија, откако излегле сите зла, последното кое останало на дното била надежта (elpis). Значи, надежта е внатре, не надвор и таа е едно од злите нешта на светот. Зошто е надежта зло? Затоа што те проектира напред и те оттргнува од она што е. Ако размислуваш на утрото што доаѓа, го пропушташ она што всушност стои пред тебе и што мора да се случи.
(...)
Многу е поважно да бидеме посветени на она што се случува сега. Ако работиме на тоа надежта не ни е потребна.
09 April 2018
...многу црвена боја...
ќе ми треба многу црвена боја
за да сликам
на платното со кое сакам
да го здиплам телото
во тактови
во рафали
ќе ми треба џиновска виолина
за да биде доволно гласен
звукот
но јас шепотам
шепотам без дисциплина
без намера
шепотам црвено сиво бело
ќе ми треба метафизика
поетика религија
ќе ми требаат усни
за да ти зборувам
тогаш кога би сакала
само да молчиме
зашто ништо не
е погласно
од воздухот што
тежи меѓу
моето и твоето тело
за да сликам
на платното со кое сакам
да го здиплам телото
во тактови
во рафали
ќе ми треба џиновска виолина
за да биде доволно гласен
звукот
но јас шепотам
шепотам без дисциплина
без намера
шепотам црвено сиво бело
ќе ми треба метафизика
поетика религија
ќе ми требаат усни
за да ти зборувам
тогаш кога би сакала
само да молчиме
зашто ништо не
е погласно
од воздухот што
тежи меѓу
моето и твоето тело
Ивица Антески
08 April 2018
Лошо друштво... цитати од Сартр
"Човек не е ништо друго освен тоа што самиот ќе го направи од себеси“
„Ако си осамен кога си сам, тогаш си во лошо друштво“
„Само оној што не весла има време да го ниша бродот“
„Слобода е она што го правиш со тоа што некој ти го сторил тебе“
„Најдобрата работа не е онаа што ти е најтешка; туку онаа во која си најдобар“
„Мислиш дека јас ги бројам деновите? Има останато само еден ден, секогаш почнувајќи одново: ни го даваат наутро и ни го земаат приквечер“
„Ќе се насмевнам, и мојата насмевка ќе потоне во твоите зеници, и само небото знае што ќе настане од неа“

- Жан-Пол Сартр
07 April 2018
Синиот џин се тетерави
Фактот дека некоја агенција како Кембриџ Аналитика собирала информации за навиките на корисниците не е откровение и најверојатно нема да го нокаутира Фејсбук. Она што шокира е откритието дека интернет се користи како алатка за манипулација и контрола на свеста.
Постои во човечката природа една особина што секогаш одново и одново ги изненадува луѓето. Моралистите, во својата бескрајна верба во идеалниот човек, се запрепастени кога ќе видат како секој од нас е спремен да ги напушти принципите тогаш кога тоа му одговара. За што зборувам? За Фејсбук корисниците. Но, да одиме по ред!
Првите социјални мрежи што ги користев беа MySpace и Hi5… Додуша, не ги користев: само отворив профил и до ден денес не знам која беше причината. Се сеќава некој на овие социјални мрежи? Тоа се одамна мртви сервиси и тешко дека некој очекува да оживеат.
Неодамна и Стивен Колбер во своето шоу ги потсети гледачите на MySpace. Причината беше мега-аферата со Кембриџ Аналитика и нивната злоупотреба на приватните информации на Фејсбук корисниците.
Имам чувство како целата светска јавност воајеристички и сеирџиски да го очекува моментот кога овој џин ќе се струполи. За тоа веќе постојат и реални индикации: вредноста на акциите на Фејсбук безглаво паѓаат. Џинот се тетерави.
Фејсбук е на огласувачите
Сепак, јас не очекувам нок-даун, уште помалку нокаут. Еве зошто!
Фејсбук своите услуги ги нуди бесплатно. Барем така им изгледа тоа на корисниците. На познавачите им е јасно дека оваа бесплатност е само илузија. Погрешно е размислувањето дека клиенти на Фејсбук се индивидуалните корисници. Исто онака како што е погрешно размислувањето дека клиенти на современите медиуми се читателите/гледачите.
Оној што сфаќа како функционираат овие медиуми, знае дека вистински клиенти се огласувачите. Читателите/гледачите и индивидуалните корисници на Фејсбук се всушност производот што им се продава на клиентите.
Поради тоа, ако Фејсбук треба да стрепи од нешто – тоа е моментот кога огласувачите ќе му свртат грб. Тие се оние кои може да го зададат решавачкиот удар што ќе резултира со нок-даун.
Многу малку е веројатно огласувачите да се свртат против Фејсбук. Зошто би оделе против оваа алатка која толку добро им служи? Зошто некој би сакал да ја исече гранката на која седи?
Бегството не е решение
Од друга страна, не гледам ни дека индивидуалните корисници масовно го напуштаат Фејсбук. Секако, постојат островчиња отпор овде и таму. Мали групички моралисти решаваат да ја напуштат оваа социјална мрежа, меѓутоа и самите сфаќаат дека нема каде да одат. Никој не гарантира дека и евентуалниот избор на друг сервис нема да им донесе слично искуство. Бегството не е решение. Регулацијата е!
Мора да сфатиме дека оние што решаваат да останат не го прават тоа од мрзливост или затоа што се малоумни. Луѓето знаат дека Фејсбук, Гугл и скоро сите други онлајн сервиси собираат информации за нивните навики. Доволно е зборувано и секоја нова генерација корисници е сѐ посвесна за нивните практики.
Финтата е што на луѓето тоа не им е важно. Фактот дека некоја агенција како Кембриџ Аналитика собирала информации за нивните онлајн навики и ставови за нив не е откровение. Впрочем, многумина од нас, ако некој тоа го побара, и доброволно ќе ги дадат тие информации.
Токму поради тоа јас не верувам дека луѓето ќе се откажат од сето она што Фејсбук им го нуди бесплатно.
Откровението за Големиот брат
Меѓутоа, постои една непријатност. Она што шокира и што е причина за загриженоста е фактот дека оваа афера откри колку е интернет моќна алатка за манипулација и контрола на свеста.
Фејсбук најверојатно ќе се тетерави уште долго, но потресот се случи и без џинот да падне. Дебатите се отворени. Луѓето размислуваат, поставуваат прашања…
Сѐ уште нема одговори на сите нив, но што и да се случи – тоа ќе се одрази на начинот на кој ќе го користиме интернет, комуникациските технологии и социјалните мрежи во наредниве декади.

Дента кога се иселив
Си ја закопав кучката под лимонот
во земјата нагноена од неа.
Ја завиткав во ќебе и ја ставив
во кутија од стари играчки како што ми рече мајка ми.
Копав со позајмена лопата
додека не ми излезе плик гноен голем
колку четвртина од мојата дланка.
Бидејќи пред тоа беше скитник, мојата кучка
мразеше плажа, се плашеше од океанот и јавните паркови.
Не одеше подалеку, дури ни одврзана.
Ниедно од кутренцата не ѝ преживеа ни шест недели.
За цело време од тој студен ден кога и последното кутре
ѝ беше донесено во кеса, таа беше
најтажното суштество во таа мизерна куќа.
Да беше човек, ќе ме разбереше како солзите
за неа ми се помешаа кога Џим, љубовникот на мајка ми,
ми кажа, под острата сенка од лимонот
дека му ги вратиле под старателство
децата што порано ги беше сексуално злоупотребил.

Дејвид Холер
Subscribe to:
Posts (Atom)