19 May 2005

Блогерите не се новинари!

Немам многу време да пишувам нешто ново, па еве еден стар мој текст. Се однесува на дискусијата која се води во САД, меѓу новинарите на тема, дали се блогерите новинари. Малку е изменет од оригиналот, но поентата е тука:

Според една дефиниција блоговите не се новинарство - „bidejki meu niv i korisnicite go nema urednikot i redakcijata kako faktori na tradicionalnoto novinarstvo„
се согласувам дека не се новинарство, но од други причини. Ова погоре е многу наивно, зашто се задржува само на површината. Прва работа штосе учи во новинарските школи не е тоа дека меѓу новинарите и читателите мора да постои уредникот и редакцијата. На тој детал и не му се посветува многу внимание. Тоа кажува дека не е тоа она што го разликува новинарот од другите.
Со вака изместено дефинирани работи, некој многу лесно ќе помисли дека блоговите навистина се новинаство.
Дел од одбраната на блогерите е дека "veblogovite so silna novinarska pozicija, kako na primer instapundit.com i andrewsullivan.com, mo`at i imaat vlijanie na javnoto mislenje"
Глупости! Блогерите сакаат со употребата на силни фрази од типот „силна новинарска позиција„ да се дефинираат како новинари. Млатат празна слама. Во вториот дел од горната реченица се дава највистинската дефиниција на блогерството што ја прочитав во цела целата дискусија. Вели – МОЖАТ И ИМААТ СИЛНО ВЛИЈАНИЕ НА ЈАВНОТО МИСЛЕЊЕ! Тоа им е целта, а не да бидат балансирани. Не им е интерес читателот, туку авторот.
Секој од нас сака да му каже нешто на светот! Блогерите го одбрале интернет. Но самиот факт дека информираш и дека праќаш пораки не те прави новинар. Интернет и блоговите се медиум, но не се сите медиуми новинарство. И флаерите се медиуми, и плакатите се медиум, и билбордите исто. И на сајтот на факултет се информираат студентите кога се испитите ...
Да се биде новинар треба да се почитуваат одреден број правила. Блогерите немаат таква обврска – и поради тоа (многу едноставно) не се новинари и никогаш нема да бидат.