13 November 2008

Што може да значи зголемениот интерес за делата на Маркс?

 Прилог кон дебатата за влијанието на кризата на капитализмот врз зголемениот интерес за марксизмот

1. „… под влијанието на кризата на капитализмот (крајот на шеесетите години на XX век - заб. И.А.) која започнува, настануваат бурни промени во марксистичката мисла на Западна Европа. Настанува ситуација, за која Маркс би рекол дека не само што се стреми мислата кон остварување, туку и самата стварност се стреми кон мислата - историската практика и се наметнува на теоријата, односно ја репродуцира теоријата. Во таа нова историска ситуација се засилува класнореволуционерната ориентација на марксизмот, а бидува потисната позитивистичката и апстрактно-хуманистичката ориентација. Наместо едностраната и неисториска антрополошка тематика која веќе се исцрпувала во јаловите расправи за отуѓувањето, слободата, човекот како човек, во прв план на марксистичките расправи доаѓаат прашањето на работничката класа и нејзините револуционерни борби, на производните сили, на содржината и на целите на социјалистичката револуција, на економската криза, на класниот карактер на науката, на културата, на образованието, на односот на теоријата и на практиката и слично.

Покрај тоа тие расправии одново го афирмираат единството на марксистичката теорија. Филозофијата повеќе не се јавува одвоена од другите делови на марксизмот, таа е присутна во анализата на економијата, на производните сили, на класната борба. Класната борба се разгледува заедно со своето политекономско втемелување, а се пробива и мислата за теоријата за револуцијата изведена од филозофски заснованата критика на политичката економија со посредство на учењето за класната борба.“ (Извадок од текстот „Марксизам - теорија на пролетерската револуција“ на Милош Николиќ објавен во 1977 година)

2. Со кризата на капитализмот и со нејзиното натежнување на грбот на работничката класа повторно се зголемува интересот за марскистичката теорија. Сепак, интересно е од каква природа е тој интерес, значи кои му се мотивите, и што може да најде во марксизмот, а што во другите науки на може да го најде?

Прво, според некои теоретичари и марксисти, по втората светска војна марксизмот на Запад почнува да ја губи целината на учењето и се разбива на неговите составни делови: филозофската основа, историскиот материјализам, критиката на политичката-економија, учењето за класната борба и теоријата на социјалната револуција. Како такви, тие засебно не се марксизам, односно, ја губат главната цел на целокупното марксово дело, а тоа е револуционерната измена на светот. Тргнувајќи од фактот што во моментов не постојат релевантни сили на Западот кои повикуваат или работат на револуционерна измена на светот, може да се заклучи дека мотивите за зголемениот интерес за марксизмот не се од револуционерна природа. Се поставува прашање, дали воопшто станува збор за зголемен интерес за марксизмот, или само за одредени негови сегменти, што, со самото исклучување на револуционерните мотиви, се бенигни за капитализмот.

Второ, тогаш, се поставува прашањето какви се тие мотиви? Ако воопшто тие мотиви имаат врска со практиката, тогаш таа се состои во тоа да се осознаат слабостите на капитализмот и да се поправат. Значи, станува збор за реакционерни мотиви, интерес кој има за цел да го одржи капитализмот во живот. Изменет, но сепак капитализам. Тоа се цели кои се во директна спротивност на самата суштина на марксизмот, а кои одат во прилог на граѓанското сфаќање на неговите делови - што е во суштина сосема безопасно за капитализмот, и бесполезно за работничката класа.

3. Вистинскиот интерес за марксизмот, односно, за науката за револуционерната промена на светот, ќе се развие тогаш кога последиците од кризата на капитализмот ќе се почувствуваат на грбот на пролетеријатот во нивната полна сила. Со тоа ќе се исполни условот тој интерес да има своја втемеленост во материјалното живеење, а не само во теоријата.

4. Капиталистичките општества во периодот на Студената војна развија механизми на амортизација на незадоволството и затапување на класната борба, најчесто со несуштински козметички реформи, при тоа користејќи ја обилно и поддршката на реформските струи во работничките партии и во синдикалните организации. Краен израз на таквите квазиослободителни тенденции се државите на таканаречениот капитализам со човечко лице најсилно изразени во Скандинавските земји, а кои во суштина се сепак само капитализм.
Дел од таквите механизми директно ги презедоа и државите на таканаречениот поранешниот социјалистички блок.

Тоа затапување на класната борба ќе се одвива на две нивоа.

Прво, капиталистичките општества ќе преземат мерки со кои ќе заштитат дел од работничката класа од последиците на кризата, но за возврат многукратно ќе им ги намалат нивните права. Кризата ќе резултира со затворање на многу компании и зголемување на невработеноста, што ќе води до кастрење на работничките права. Со таквите козметички мерки, капиталистичките држави ќе се обидат да го намалат револуционерниот потенцијал на мнозинството.

Второ, на теоретско ниво, ќе продолжи да се форсира граѓанското сфаќање на марксизмот, како комплекс од науки во повеќе сегменти, при тоа, намерно изоставајќи ја целината која подразбира револуционерна промена на светот,односно, укинување на капитализмот.

1 comment:

  1. Мојот живот вреди да живеам удобно за мене и за моето семејство сега и навистина никогаш не сум видел толку добро што ми се покажало во животот бидејќи поминував низ проблем толку сериозен бидејќи мојот син наиде на страшна несреќа последните две недели, а докторот вели дека треба да направи деликатна операција за да може повторно да оди, а јас не можев да ги платам сметките, потоа вашата операција отиде во банка да позајми и ме одби велејќи дека немам кредитен рејтинг, од таму трчам во татко ми и тој не можеа да помогнат, тогаш кога ги прелистував одговорите на Yahoo и наидов на заемодавачот, г-дин Педро, кој нудеше заеми по прифатлива каматна стапка, немав друг избор освен да се обидам и изненадувачки, сето тоа беше. како сон, добив заем од 110.000,00 УСД за да ја платам операцијата на мојот син, а потоа да добијам удобен бизнис за да ми помогне и јас да одам. Му благодарам на Бога денес е добро и можеш да одиш и работиш и товарот е подолг на мене повеќе и можеме добро да се храниме и моето семејство е среќно денес и си реков гласно ќе тагувам во светот на чудата од Бога до мене преку овој богобојазлив заемодавач, г-дин Педро и јас би го советувале секој кој има вистинска и сериозна потреба од заем да го контактира овој богобојазлив човек на ...... pedroloanss@gmail.com

    Ви благодарам

    ReplyDelete