Директна провокација за колумнава е кампањата на Институтот отворено општество која ги повикува граѓаните масовно да излезат на избори. Прво, оваа кампања е насочена против правото на граѓаните да не излезат на избори и со тоа да го кажат своето мислење за актуелната партиска понуда. Второ, оваа кампања јас ја гледам како дел од предизборните активности на опозицијата. И во двата случаи, кампањата е во насока на поддршка на политичкиот систем таков каков што е... а каков е? Хм, корумпиран, полтронски, непотистички, тоталитарен, несолидарен, деградирачки, суров, нехуман...
Гласањето е давање доверба
Секој од нас има право да не излезе на избори доколку смета дека нема некој кој би можел да го претставува. Не само тоа, секој од нас има ОДГОВОРНОСТ за тоа кому му го делегира своето право да одлучува. Гласачкото право не е само право и обврска, туку и одговорност како ќе се искористи. Затоа, сосема невкусно, па дури и недемократски, е некој да прави да се чувствуваш лошо затоа што немаш доверба во некој од понудените партиски кандидати и листи.
Јас не гласам веќе неколку циклуси токму поради тоа што нема политичка партија, програма или кандидат во кого имам доверба. Штом нема опција која ја поддржувам, нема да гласам, тоа е мое право и моја одговорност!
Друга алтернатива е да гласам против онаа партија во која немам доверба. Онака како што прават многумина од оние убедени дека мора да гласаат и покрај тоа што не им се допаѓа понудата. Извинете, ама да му дадеш мандат на некој за кого не веруваш дека спроведува правилни политики е крајно неодговорно.
Едноумие и тоталитаризам
Една од причините поради кои не гласам е едноумието. Не треба да си аналитичар за да сфатиш дека всушност клучните цели на скоро сите политички партии се исти. Тоа е онаа борг-мантра „Сите во НАТО, сите во ЕУ – отпорот е бесмислен!“. Зошто би се секирал која партија е на власт, ВМРО или СДСМ, кога и двете во своите програми за крајни стратешки цели ги имаат НАТО и ЕУ; кога чекорите што ги преземаат и законските акти што ги носат се во таа насока; кога клучните чекори во политиката ги донесуваат со амин на странски политички фактори? Прашањето кој ќе дојде на власт за мене е само прашање на стилот со кој тие политики се спроведуваат.
Оваа марионетска политика е само замачкана со пропагандата дека тоа е наша цел, дека ние сакаме така, пропаганда „не го правиш тоа што го сакаш, туку го засакуваш тоа што мораш да го правиш“. Анкетите со матни прашања на кои има по 99% поддршка за оваа цел се само потврда за ова – секој што е малку посериозен ќе се запраша што не е во ред со анкета на која има толкаво мнозинство за една од опциите.
На крајот на краиштата, ако толку им се важни гласачите, зошто никој не го праша народот на референдум дали тој сака стратешките цели на државата да се ЕУ и НАТО? За влегување во воена алијанса дури има и уставна обврска да се праша народот. Тој референдум го оставаат за на крај, кога народот ќе ги истрпи сите оние сурови реформи кои ќе уништат судбини на многу луѓе... извинете, тоа не е демократија, туку ставање пред свршен чин.
Некој ќе рече „ете ти го Груевски, тој е против ЕУ и НАТО“. Тоа е неточно, Груевски не е против ЕУ и НАТО, тој само игра по линија на помал отпор. Евроскептицизмот и антинато рапсоложението на одредени кругови во владејачките структури не се суштински, туку само реакција на грчкото вето. Тоа е во суштина клон на истата пропаганда „не го правиш тоа што го сакаш, туку го засакуваш тоа што мораш да го правиш“. Сладок лимон.
Стара игра, нов стил
Што ќе смени мојот глас? Ништо, освен ако со тоа не си помогнам да ми се вработи некој член на семејството. Или обратното, ако биде отпуштен што другите дошле на власт. Извинете, ама мене таа логика ми е неприфатлива.
Промените ќе се сведат во лицата кои ја спроведуваат политиката за која зборував. Се разбира, и стилот со кој ја спроведуваат. И немојте никогаш да заборавите, ќе се сменат контата кои ќе се полнат од разни тендери-мендери.
Затоа, мене ми е сосема сеедно кој ќе ги добие изборите. Можам да ги коментирам чекорите кои ги презема оној што е на власт, ама критиката кон едните не е секогаш поддршка на другите.
И, на крајот на краиштата, ако некој друг го заокружи моето ливче уште подобро – уште еден доказ за тоа во каков систем живееме.
Пораката на молкот
Ним не им е гајле што мислиш се додека гласаш, се додека учествуваш во нивната игра, се додека ја правиш возможна. Со неизлегување на избори нивната игра станува невозможна, нелегитимна, разобличена... Системот ќе дојде во политичка криза. Тоа во превод значи дека ќе стане невозможно да се одржи, дека ќе треба да се направат некакви измени.
Со неизлегување на избори ќе кажеш дека не ти се допаѓа системот таков каков што е – дека сакаш поинаков систем. Овде не пропагирам каков би бил тој, туку само дека има огромно мнозинство кое е незадоволно од тоа како се поставени работите во ова општество – луѓе што не знаат што можат да направат околу тоа – прв чекор, не излегувај на гласање, дај им црвен картон!
Со неизлегување на избори ќе кажеш дека не ти се допаѓа системот таков каков што е – дека сакаш поинаков систем. Овде не пропагирам каков би бил тој, туку само дека има огромно мнозинство кое е незадоволно од тоа како се поставени работите во ова општество – луѓе што не знаат што можат да направат околу тоа – прв чекор, не излегувај на гласање, дај им црвен картон!
Ете зошто повикувам да не се излезе на избори. Неизлегувањето на избори е опомена. Нема погласно и потревожно нешто за еден политичар и агитатор од тоа да слушне дека гласачите не сакаат да му го дадат гласот нему, ниту на неговиот опонент, дека ги прозрел и презрел нивните шарени каканици. Дека на системот му дава црвен картон.
Јас ќе нацртам смајли и него ќе го заокружам. :-)
ReplyDeleteЕх, Ивица. Човек би рекол дека ги надминуваме романтичните сништа. :)
ReplyDeleteПрво, ако не излезеш, а се избере состав на Собрание, ти пропаднала можноста да влијаеш. Ќе си тераат и ги заболе за твојот црвен картон, нема ни да помислат на него :)
А ако не излезеш ни ти ни мнозинството други, вистина, ќе дојде до политичка криза. И што со тоа? Ќе има пак и пак и пак избори, што значи многу потрошени пари на секој од нас... А во меѓувреме само ќе изгубиме време и место да работиме нешто конструктивно, ќе заталкаме во кругот. А сите имаме само по еден живот и само на земјава (ти си барем атеист! :)), па не верувам дека луѓето би го отфрлиле и би живееле лошо поради аргументите што ги даваш! That is, освен ако, наспроти Черчил, не си пронашол помалку лош систем од демократијата :)
Значи, се е ова убаво што си го пишал, ама ти треба малце reality check! :) Без лутење!
@Нина, 1) ако излезеш немаш избор на што да влијаеш... сите се исти. На пример, за кого да гласам ако не сакам Македонија да влезе во НАТО? Сите се за тоа. Поентата е дека изборите даваат избор што не е избор, привидно е.
ReplyDelete2)по политичките кризи се редефинира системот. Јас се залагам за таква редефиниција и затоа пропагирам политичка криза.
3) А Черчил не пронашол ништо - тој само кажал дека политичките системи на Западот се лоши и дека не знае за подобар. Јас (и многу други прогресивни интелектуалци) знам дека може да постои многу подобро уредување.
4) Системот кој Черчил го нарекол демократија е капиталзам. Демократијата не зависи од економското уредување - тоа е карактеристика, а не уредување. На Запад зборот „демократија“ се користи како назив на политичко уредување во интерес на пропагандата.