15 March 2012

Интернет е убиец

Дали Твитер и Фејсбук ќе го убијат блогирањето, и дали интернет ќе ги убие весниците и телевизијата? Можеби.

ФЕЈСБУК Д'КИЛЕР Твитер не е сериозна конкуренција на блогирањето, тој е само дополнување. Вистинска конкуренција е Фејсбук. Зошто?
  • Се што можеш да кажеш на блог можеш да го кажеш и на Фејсбук, и тоа да го прочитаат многу повеќе луѓе
  • Класичната блог-пост формула цитат+линк+коментар совршено функционира на Фејсбук - ставаш линк, автоматски се појавува цитатот, а системот ти нуди место и да прокоментираш на линкот
  • Системот на коментирање на Фејсбук е копи-пејст од оној на блоговите. Твитер функционира поинаку

Профилите/тајмлајните на Фејсбук се повеќе ми наликуваат на блогови, со таа разлика што блогирањето е сега направено многу поедноставно. Со тајмлајнот и банерот сега оваа сличност е уште поголема. Мене ми пречи единствено што авторот нема баш увид во тоа кој се го чита и колку кликови има.

ИНТЕРНЕТ Д'КИЛЕР Твитер, како нова форма, поинаква од блогирањето не може да ги убие блоговите, но Фејсбук може. Историјата на медиумите покажала дека појавувањето на нова форма/медиум не може да ги згасне старите. Појавата на радиото не ги згаснала весниците, појавата на телевизијата не го згаснало радиото, но појавата на интернет може да ги згасне сите овие претходни. Зошто? Затоа што е истата форма. Исто како што Фејсбук е ист како блоговите, така и интернет е ист како печатот, радиото и телевизијата истовремено. На Фејсбук можеш да блогираш, исто како што на интернет можеш да читаш весници, да слушаш радио и да гледаш телевизија.

1 comment:

  1. Супер пост.. Од време на време кога човек потонува во генералности не правејќи разлика меѓу очигледните појави, токму вакви текстови му требаат за да го раздрмат разбудат и потсетат..

    Терај само така

    Блаже Аризанов

    ReplyDelete