04 February 2013

Девојка

Една рака го допира
срцето што чука по
тапанот со звук на
црвено една девојка
молчи додека зборува
една девојка мижи
додека гледа
јас на нејзините сказалки
ѝ го придржувам
времето како бестелесен
Атлас
Едно име што се изговара
слично како небула
една девојка со рамења
како течност со
уснички како мраз
со аура како пекол
една девојка создадена
од нејаснотија со
ветер од клепките
со око отворено
на стомачето
со точка на почетокот
на интерпункцијата

Ивица Антески

No comments:

Post a Comment