05 April 2018

(Има ли смисла...)

Има ли смисла да се впуштаме во толкување на нештата
на кои не можеме да им го сфатиме опсегот?
Ни требаат милијарди години да се вратиме
во длабочините на трпението.
Зашто, огромна е староста
на тоа своевидно чудо
што се вика: ние двајца.

Во темнината на древното минато,
токму како и сега,
вака,
спушти ми ја леко главата
на некое поранешно рамо,
и внимателно загледај се
во сините вирчиња небо.

Ако не беше родена,
некој би морал да биде сакан на ова место.
Ако не бев роден,
некој место мене би бил тука да те сака.
Други би ја примиле пораката
и други би го продолжиле
она што се вика бескрајно.

Верувај ми,
моја прва љубов,
неможно е да се сака за прв пат
во оваа вечност.
Мирослав Антиќ

No comments:

Post a Comment