22 March 2018

(Твојата коса од портокали...)

Твјата коса од портокали во празнината на светот
Во празнината на излозите тешки од тишина
И од сенка каде моите голи раце ги бараат сите твои одблесоци

Обликот на твоето срце е прозрачен
И твојата љубов прилега на мојата изгубена желба
О воздишки од килибар, соништа, погледи.

Но ти не си била секогаш со мене. Моето сеќавање
Е сѐ уште затемнето од гледањето на твоите доаѓања
И заминувања. Времето се служи со зборови како и љубовта.

Пол Елијар

18 March 2018

Која година е? 1918 или 2018?

Колку ли само анахрони дебати имаме во земјава? Национални интереси, предавници, херои, јазик... Темиве повеќе ми личат како да сме 1918 година, а не 2018.

Светот драстично ќе се менува во наредниве декади и, како што тргнало, ние нема да бидеме ниту во последниот вагон: затоа што се занимаваме со глупи теми.
"What I can tell you however, is to just sit here and hope it wont happen, is a bad idea... is a really bad idea!" - Walker Hirsch (TEDx Manchester)
Наместо образованието да го прилагодиме на потребите на иднината, ние го прилагодуваме на потребите на минатото.

15 March 2018

Фериде Фериде...

(Фокус) 15.03.2018 - Општеството треба да почитува различни животни навики. Забраната за пушење е почеток на тоталитарна психологија. Дозволете да се забрани задоволството на посебни места и ќе го имате фашизмот – додаде Мухиќ.

Драг професоре Мухиќ, имплицирате дека забраната за пушење води кон фашизам. Да Ве потсетам на неколку забрани на задоволства, кои исто како и забраната на пушење, постојат затоа што ги заштитуваат правата на другите.

  • Педофилите гледаат задоволство во сексуални односи со деца... на нив им го забрануваме задоволството, па тоа не води кон фашизам.
  • Садистите уживаат во измачувањето на луѓе... им го забрануваме тоа задоволство, па тоа не води кон фашизам.
  • Нацистите уживаат во етнички чисти држави... им го забрануваме тоа уживање, па тоа не води кон фашизам.
  • „Сељаците“ уживаат во борби со кучиња... им го забрануваме тоа задоволство, па тоа не води кон фашизам.

Се согласувам дека треба да има слобода и толеранција за задоволствата и идентитетите, ама тие слободи не треба да ги ограничуваат туѓите слободи. Без таква принципиелност ќе добиеме некој современ Калигула... или Хитлер.

Кој гласаше ЗА пушењето

(СДК) 15.03.2018 - Со измените, како што кажа при образложувањето на Предлог-законот Томислав Тунтев, е предвидено да биде дозволено да се пуши на тераси, бавчи и платформи надвор од угостителските објекти и кога тие се затворени поради временските услови. Тој кажа дека не се бара да се укине забраната за пушење во јавните институции, установи, автобуски станици, канцеларии и други затворени простории.

Сликава десно е преземена од текстот на СДК: тоа е всушност листа на пратеници кои гласале за либерализација на Законот против пушење.

Нека стои тука, ќе се најде. Добро е да знаеме кој како размислува.

Во Македонија живеат 2 милиони деца

Што е главниот проблем во Македонија? Тоа што на луѓето секогаш некој друг им е крив за работите што ни се случуваат: ретко кој помислува на тоа што и како тој самиот придонел за ситуацијата. Уште поретко гледам луѓе кои зборуваат и помислуваат „Добро, како може да придонесам за да се подобри сегашната состојба!“

Постојат повеќе имиња за тоа однесување - незрелост, детинавост, неодговорност.