26 April 2006

Пловиме на Титаник

Џејмс Хилман, според едно интервју што го прочитав пред неколку години во (не се сеќавам кое) списание, е најголемиот жив психоаналитичар. Еве неколку интересни цитати:
  • „Амбиентот којшто не опкружува длабоко не одредува и условува. Влијае на нашето расположение, мисли, на нашата среќа.“
  • „Живееме во се погрди градови, работиме во бучни канцеларии, опкружени сме со грд мебел и се залажуваме дека низ сиот тој хаос можме да поминеме неоштетени!“
  • „Иднината не постои! И покрај некои истражувања, секоја визија на иднината е само фантазија, проекција на нашето несвесно.“
  • „Веќе подолго време имам чувство дека патувам со бродот кој се вика Титаник. И верувам дека тој брод почнал да тоне“

02 April 2006

Светот е поголем од суверенитетот

Луѓето на пограничните места (села, градови) често се чувствуваат како да се на крајот на светот. Многу често во свеста на луѓето после граничната линија не постои светот.

Границите се вештачки творби што потекнуваат од поделбата на териториите на суверените владетели. Светот на луѓето не се граничи со суверенитетот на државата. Светот е поголем од суверенитетот.