
24 May 2011
Сеништето на комунизмот...

23 May 2011
Најголемите научници не се верници
„Бидејќи постои закон каков што е гравитацијата, универзумот може и се создава себеси од ништо. Спонтаната креација е причината што постои нешто, а не ништо, зошто постои универзумот, зошто ние постоиме. Не е неопходно да се повикуваме на Господ за да ја објасниме шемата и начинот на кој универзумот функционира“ - Стивен ХокингОва е всушност одговор на неколку дебати што ги имав деновиве со повеќе луѓе. Најголемите научници не се верници, да не се лажеме - само погрешно се толкуваат нивните изјави. За повеќе читање го препорачувам текстот „Stephen Hawking says universe not created by God“.
твојата љубов
22 May 2011
Избори се! Црвен картон за сите!
Директна провокација за колумнава е кампањата на Институтот отворено општество која ги повикува граѓаните масовно да излезат на избори. Прво, оваа кампања е насочена против правото на граѓаните да не излезат на избори и со тоа да го кажат своето мислење за актуелната партиска понуда. Второ, оваа кампања јас ја гледам како дел од предизборните активности на опозицијата. И во двата случаи, кампањата е во насока на поддршка на политичкиот систем таков каков што е... а каков е? Хм, корумпиран, полтронски, непотистички, тоталитарен, несолидарен, деградирачки, суров, нехуман...
Гласањето е давање доверба
Промените ќе се сведат во лицата кои ја спроведуваат политиката за која зборував. Се разбира, и стилот со кој ја спроведуваат. И немојте никогаш да заборавите, ќе се сменат контата кои ќе се полнат од разни тендери-мендери.
Со неизлегување на избори ќе кажеш дека не ти се допаѓа системот таков каков што е – дека сакаш поинаков систем. Овде не пропагирам каков би бил тој, туку само дека има огромно мнозинство кое е незадоволно од тоа како се поставени работите во ова општество – луѓе што не знаат што можат да направат околу тоа – прв чекор, не излегувај на гласање, дај им црвен картон!
Ете зошто повикувам да не се излезе на избори. Неизлегувањето на избори е опомена. Нема погласно и потревожно нешто за еден политичар и агитатор од тоа да слушне дека гласачите не сакаат да му го дадат гласот нему, ниту на неговиот опонент, дека ги прозрел и презрел нивните шарени каканици. Дека на системот му дава црвен картон.
21 May 2011
Јебеш блог ако не е .аНТИблог
Ваљда е тоа некој марфиев закон, ама факт е дека не можеш да ѝ се посветиш целосно на една работа, а притоа да не ги запоставиш сите други. Пред да го запустам скроз, блогов едно време функционираше со по еден до два поста неделно, што у ствари и не е така лошо. Лошо е во споредба со најдобрите денови на .аНТИблог, кога имаше еден до два поста дневно. Ги имам постовите и ќе реобјавувам понекогаш нешто ретро.
Како и да е... Веројатно сум имал други начини да го кажам тоа што сум сакал да го кажам. Сега, пак, осеќам јака потреба пак да блогирам. Разликата меѓу 2005 година кога почна .аНТИблог и сега е што сега секој знае што е тоа блог, а тогаш кога ќе спомнев блог ме прашуваа „Каков блок?“ Плус, сега има Фејсбук и Твитер што се мадафакерчиња за раја.
Да, не е фенси да блогираш, ама никад не блогирав зошто е фенси...
... и така. Се читаме!
06 March 2010
Танго
што затреперува како
стампедо да ти поминува
преку телото тие нежни
чекори прст преку прст
како да го премеруваме
пречникот на планетата
во точката каде што дланката
ти се потпира на мојата
во точката каде што градите ти
дишат со мојот воздух во која
телото ти се движи со моите движења
врати ми ја таа неостварена прегратка
додека телото ти ја одложува храброста
со секој следен чекор што се топи
под остриот звук на допирите
16 February 2010
Човек
никогаш од човекот нема да извлечете такво признание што ќе го обвини за
животот зашто тој е создаден мал наспрема бескрајната огромност на
универзумот тој ја гледа светлата линија на разумот која се издолжува
низ епохите но одрекува било каква поврзаност со своето его ако го
распнете тој ќе ви го раскаже животот до детали но од тоа нема да
извлечете обвинение зашто тој е суштество создадено за слобода
некаков
таен сојуз е склучен и човекот знае за него но останува во својата
лулка зашто во неа ги сознава времињата минати и времињата идни тој со
згрчениот бицепс на спознанието расклопувачот на галаксии оној што тивко
ги црта траекториите на планетите по кожата на својот ближен неспокојно
лежи во својата лулка и чека магнетните полиња да натежнат на срцевата
орбита
ништо од човекот не е направено без дозвола тој е целосно
легален ако протестирате тоа ќе го потврди како суштество само за себе
ќе потврди дека станува збор за апсолутен човек без исклучоци ако е
тажен неговата гранка расте спротивно на гравитацијата и историјата ако
се смее неговата гранка натежнува со плодови и ништо не можете да
направите околу таквата појава
од лево лежи тигар од десно
неговата ампутирана нога која со текот на годините сраснува со постелата
ако го покриете преку него ќе се раствори во прав сè што сте имале да
му кажете зашто тој е неприкосновен косач на фантазијата јавач на мисли
гледач на соништа ништо во човекот не е по мерка на божественоста но тој
се создава себеси како човек повеќе од човек